Црни панталони, црно блузиче, над блузичето зелен џемпер (многу ми е ладно во канцеларија ), кафеава ташна, кафеави рамни антилоп чизми, кафеава јакничка.
Црна дуксерка на брат ми , темни фармеки (тексас), црни патики, црна ташна за во школо, црни спортсо елече и кесе бело со чоколади на него .
Фармерки, кремасти чизмички до глужд на полна пета, сина кошула, кафеав каиш и кафеава ташна, кафено тенко откопчано џемперче и долг крем боја мантил.
Кафена туника, со блуза одоздола, тесни кремасти панталони, војничка пролетна јакна, чизми и ташна. А моментално пижами
Кафени фармерки-панталони, посветла кафена блуза со апликации,црно џемперче врз неа, црни кратки чизмички, крем ташна, кожна јакна и кафена марама.
Денес носев Тесни фармерки Патики со розеви врфки Жолта Блуза Розево палто Жолта ташна А да..и розови обетки со Swarowski Crystals
За денес се одлучив да биде опуштена,кежуал комбинација.Требаше да одам до работа само на 2 часа ,затоа сабајле го облеков првото што ми дојде при рака. Всушност носев:светло сива блуза,ама од оние широките,зачинета со тесна сина фармерка,ваква боја балетанки,ташна и ланче,неколку алки и кожна јакничка.
Најновите Спрингфилд фармерчиња за кои сум многу хепи што ги купив, маслинасто-зелена маичка со три-четврт ракави и сини старки