Па денес сум во пижами, со оглед на тоа што станав пред малку, па и така планирам да си останам цел ден во пижами, најубаво е нели?
Уште сум во пижами ама кај и да е ќе се дотерам и одам на шетање.Дајте да развиеме некоја мода да шетаме и надвор во пижамчиња,ништо поубаво и поудобно од тоа
Сабајлево за во црква со ханито, фармерки, зеленко блузиче, и сандалки . Сега доле носам пижами, a горе негова блуза
Денеска носев панталони во зелена боја,жолта мајчка со ликот на Steve од Family Guy,и светло зелени платнени патичиња
долна црна тренерка, кајсија/розева блузичка, косата во плетенка, и мали црни обеки, со црни рамни сандали
обожавам да ги носам (т.е. носев) неговите маици и блузи, мириса преубаво, топличко, се осеќаш како да те гушка цело време забегав Носам црни фармерки, некоја чудна нијанса на розе маичка, темно зелен долг џемпер и црни балетанки (решив да скратам на сукњите денес)
Ќе носам кремави панталони, бела маичка со ситни цветчиња така поширочка, оздола бела рамбовка и бели балетанки со ситни цветчиња.
Патики (бело со црно розево и зелено ) Фармерки тенки темно плави, бела мајца и црно пуловерче и ташна розева со зелено и бело ди енд
Црни хеланки, кошула со три-четврт ракави тегет, кафена и сива боја мешано, црна ташна со кафено и црни балетнки. Барем така ми е планот де.
Сини панталончиња (кратки),виолетови хулахопки сини балетанки и виолетова блуза по кратки.И бел часовник .
Крем "bubble" сукња над колена со машничка како каиш, кафеава маичка и балетанки. Од аксесорис ланче со привезок клуч и часовник. Сега за дома црни хеланки и виолетова маичка со апликација.