Преку ден носев кратки тексас панталони, со цветен принт на рабовите и црна широка маица. И балетанки на нозе, црни. А попладнево бев на претстава и носев цветна кошула, светли фармерки и сандали.
Прво носев сиви пижами. Ама после си се избањкав, и си облеков зелени. Со маичка за цигари бренд. Сестра ми ја вика брендираната блуза.
За низ дома фустанче. За во продоавница кратки памучни пантолончиња и маичка. За шетање: шалвари и маичка и балетанки
Тексасни шорцеви (мое дело се), портокалова маица, алка со топчиња (бело/розево/тегет) и црни пума патики.
памучно минт фустанче,со кафеави римјанки и ташна,дрвена гривна,и по препорака на лекарите и сите шо се праат паметни-наочари за сонцееее))демек ако не кажат на вести нам нема да ни текне што да носиме и да пиеме!