Розево џемперче, сиви фармерки, сива со розеви тек-таму шари марама и кремасти конверс. Ух, поудобно мислам дека не сум се осеќала периодов.
5 пати се пресоблеков денес. Од сабајле на пижами, за на училиште тренерки, потоа бев на роденден во фармерки и маичка. Денес такво ми беше расположението па не се грижев многу за изгледот..
Преку ден носев цигла боја фустанче, црни хулахопки, шарени оксфортки, црна чанта и каиш, црни обетки и сребрени прстени.