Сукња долга широка до под колена, топ и апостолки, и си бев најлежерно облечена, точно како за прошетка низ маало
Утрово шарена сукња над колена и со ластик на половина , многу си ја сакам црвена рамбовка, црвени сандали и црна ташна. Сега бели панталончиња и црвена маичка.
Сабајле пижами, па кратки црни пантолони и розева маичка, црни чевли и црна чанта, па поручекта бели кратки пантолони и сина маичка и сега пак пижами
Бикини. Црни панталончиња, шорцеви. Жолта блузичка и црни апостолки. Вечерта, фармерки, патики и црна маичка.
Па голем дел од денот го поминав во бикини и шаренко фустанче , подоцна се пресоблеков во бели кратки пантолончиња и бела блуза со бели старки, и за вечер кремасти кратки пантолонки со црна рамбовка и црни римјанки....... и сеа пижами
Црно бел бикини костум. Жолта маичка, тексес кратка сукњичка, кај колковите со ластик-појас со крој на плетенка а надоле пуштена како балонка.
Бела сукња , римјанки и розева блуза . Па фустанче кремасто со римјанки . Па виолетово фустанче со балетанки сиви и сива ташна и сега пижами
Пижами,розев шорц и бела маичка,црно-сиво фустанче со црна мрежа,црни сандали и црна ташничка...пижами
преку ден во пижамиии .. за излегување во плаво фустанче со бели цветчиња до колена, бело летно џемперче, крем боја штикли и бело ташниче преку рамото