Утрово носев црни долги панталони, црна маичка, црни јадранки и мали црни обетчиња а косата ми беше фатена. За низ дома носев бели кратки пантолончиња и црвена маичка. Вечерва за излегување носев фармерки, бела маичка со гол грб, црни штикли, црни обетки, црна чанта и црн часовник.
Зелено фустанче, црни хеланки, црвена чанта, црвени балетанки, црвени обетки и црвена алка, а ноктите исто така ми беа лакирани со црвен лак.
Сини кратки пантолончиња, бела блузичка. Потоа со тексас- пантолончиња, и белата блузичка. И на крај со пижамчињата со цветчиња
Прво сиви кратки тренерки и црно-сива блузичка и апостолки. А потоа црни шорцеви, кафена рамбовка, црно болеро по кратки, црно-кафени штикли и црна ташна.
еј помагајте некоја.....што ќе носам утре се мислам....треба да ги земеме дипломите, во 3 напладне во најголемиот пекол...нема да биде глупо ако облечам фустанче?
^^^^ Не,зашто да е глупо? Од сабајле црни хеланки, со сива блуза, па после се пресоблеков во плаво фустанче со плави три-четврт хеланки и стартки конверс ,и сега во блуза и кратки пантолончиња со маченце
буквално цел ден сум во розеви пижами со лилјакови цветчиња, не сум мрднала никаде денес.. а за вечер се мислам??
Сабајле пижамчињата со маченца. Потоа црвени хеланки со бело-црвена маичка. И сега бањарка и Вечер розева широка маичка со фармерки и розеви патикии
Сега памучен шорц и рамбовка,сега за вечер ќе облечам-Кратка тексас сукњичка,рамбовка ама друга и старки .