Тесни,ама најтесни светли фармерки,со бела маичка со розев потпис на неа,бели патики исто со розево,бела ташна и бело-розев накит
црни хеланки, бело долго маиче со шарен натпис, розев дуксер, високи патики.. Косата во високо репче.. И сега носам пижами, по дома
Сиви панталончиња Сиво-бела долга кошула, на кратки ракави. Истите сиви старки. Сиви обетки со цветчиња. Сива алка. Посивев. И ташничката ја заборавив. + Бебешко сина ташничка.
Цел ден со мажот ми го поминавме во пижами, сега ќе одиме во град па ќе мора да се дотерам . Но сигурно ќе облечам фармерки со некоја штосна блуза.
Сиви римјанки , сиви фармерки , маичка со чипка , тексас кратко јакниче и бел- кремаста ташна - Се на се , бев многу секси Ете така
Црн фустан до над колена некаде,со убаво деколте и црни чевли со висока штикла,навидум убави и модерни а толку не удобни за носење, и се сомневам дека повторно ќе ги облечам пак.
Фармерки-комбилизонки комбинирани со тигрест каиш и црно џемперче-болеро , тигрест саат и кремасти менѓуши и црни патики
моментално сум во тренерки за по дома. А вчера носев: сиви фармерки, црна маица со натпис, сиво сако, црвени штикли, сребрен накит и црвен кармин( после толку време)
Фармерки искинати, маичка бела со црни камчиња ,црни патики високи ,многуу црни алки и црни менѓушки тоа од сабајле а сеа црни со златно најк тренерчиња и бела обична рамбовка под нив,црни со златно патичиња..
Светли фармерки, бебешко сина блузичка со кратки ракави, бели патики. И обетки во форма на цветчиња. Потоа, истите тренерки од вчера, долниот дел, и жолта маичка.