Цел ден сум во долни пижами, горе блуза од Star Wars ( ) и дуксер. А вечерва бев со сива блузичка по кратки, од горе црна блуза со три четврти ракави, фармерки, патики и ташна.
Цел ден сум во пижами никаде не сум излегла и затоа е така ајде па можеби утре, ако излезам, ќе се дотерам, па ќе ви пишам.
Цел ден сум над книга па сум си комотно облечена во тренерки, маичка од Duke College и гооолем дуксер од брат ми. Ех би сакала вака секој ден да не се замарам што да носам
Тренерки по дома од сабајле, ама подоцна си облеков секси тегетни цевка фармерки, тегетна блузичка со деколте малку , црно палтенце, црни кратки чизми, црна ташничка (се на темно, ама ми стои бе) и си бев ептен милно нашминкана. Нарцис!
Црни три четврт пантолони, црна маичка со кратки ракави и нормално - без чорапчишта. Лето е уште, нели ?
Хеланки, маичка по кратки, дукс и патики. Фармерки, маичка по кратки, дуксер, наочари, ниски чизми и ташна. Сега носам пижами.
едни стари глупави тренерки печев пиперки морииии, не за друго Сега пижамки, и мирис на шампон и купка околу мене,ммммммх