Црна маичка на долги, и во должина подолгичка, како туника, материјалот..хм, нешто како, плетено...? Која совршено ја следи линијата на телото. Фармерки, црни мали чизмички, црното ново плетено капче и црна јакничка. Слично, ако не и исто со ова.
плава чАрапа со зелени и бели цветови сиви тренерки (растегнати колку за 2 да влезат во нив) плав дуксер (мојот омилен што го носам веќе 5 год. ) (цееел ден дома бев)
хеланки,чизми над колена,кошулка со колан на половина и кожно палто со кафена ташна и кафен колан на половина кошула
Денес цел ден го поминав во фармерки, ролка и болеро..Ама добро оправдано ми е, цел ден шетав со другарка ми, преубаво беше времето Дури сега си облеков пижами, најубаво се осеќам во нив.
тегет фармерки,тегет штикли,сива рамбовка со циклама болеро,со зелено шалче зелено платенце и зелени обетки.....
Розеви панталони скејт модел, црна туника, адидас близон розев, црни патичиња со циркони , обетки дискретни со циркончиња, косата во репче горе, шишките рамни, црна чанта адидас...
Црни високи чизми , сиви фармерки , бело розева блуза , кремасто палто , сива ташна и кремасто розево венче
фармерчиња темно индиго, црни чизмички до колена, мастилово кошулче со висока руска јака и кратко црно кожено палтенце. Сега пижамиииииии.....ги сакам!!!
еве ме спремна да го напуштам домот црни хеланки, долго џемперче со V-изрез со розови и сиви риги, а под него розова кошулка со извадена крагња надвор црни лаковани чизми, и лила капутчето и шибам
Море кога станав денес и кога видов како се намуртило времено,не ми се дигаше од кревет ама кога мораш на работа,мораш Пепеласти чизмички (до глужд) со полна штикла,темно плави припиени фармерки,бело блузиче натресено(едно од омилените парчиња) и сиво сако .Сиво време,сива Георгина ама па се чувствував цел ден најубаво))