Патики црни со розево, сини фармерки и нешто како бордо дуксер со кактузи и јакна. Патиките исти, црни пантолони, црно-бела блуза, сив со розево дускер и јакна. Моментално сум во пижами.
Црни хеланки, бел џемпер, бели грачи за нозе, кафеави чизми високи, кафеава јакна со крзно и кафеава голема ташна (со апликации во бела, кремава и темно зелена нијанса)
Денес воопшто не излегував од дома, па си седев со моите омилени широки, црни тренечиња, долни и една сива блуска со риги, а по потреба и џемперчето .
цел ден сум во тренерчиња и патичиња се скапав роварење низ град сега во темно лилави пижамчиња ах колку ја сакам оваа боја ме опушта
Моментално сум пред излегување и носам: кафеави кожени обетки и марама, портокалов џемпер и црни хеланки.
Од сабајле во тренерки надолу црни,нагоре лилјакови,а сега су во црни хеланки сива со црно туника.сиви чизми.сива ташна и црн капут.
Дебела плетена туника тегет ( со кратки ракави ), црна обична блузичка под неа, црни хеланки и темно сиви угг,сиви обетки што висат надоле,сиво-црна ташна преку рамо и црна јакна.
Црни: сомотна баретка, шал, капут, тиролка, хеланки со баклавчиња така едвај забележливи и ташна Сиви обетки Розеви: очила за сонце, џемперче, каиш и маичка Ракавици и антилоп чизми
Meне ми заврши работниот ден порано денес,а носев маслинасти панталони со висок струк,кафеави чизми,светло кафена блуза,светло кафена јакна,и кафена ташна. И златен накит(обетки само).