Денес бев облечена тотално несоодветно за таму кај што бев - на планина! Воопшто немам облека соодветна за на планина, и тоа мора да се поправи во најкус можен рок! (значи при прв попуст, пошто ако ми се видат скапи секако ќе ги пренаменам планираните средства за нешто поприоритетно, а такви ќе има многу, имајќи ја во предвид фрекфентноста на моите посети на планини во зима) И баш ми текна на муабетот од една моја другарка шо стално кажува како сељаци иделе на Шапка во фармерки... или може беше дека скијале во фармерки... како и да е Голем удар беше ова денес за мене. Се прокламирам као некој вљубеник во природата, а сфатив дека сум најсреќна на асфалт и загаден воздух! После неколкучасовно зализгвање по снег, кога допрев асфалт ми идеше да ја бакнам земјата, како некој патник што доживеал бродолом, а тој некако успеал да стигне на копно!
Пола ден го преспав, а другата половина ја поминав дома во: Жолт ролка-џемпер Блуза црно-бела на риги Сиви пантолони Тегет папучи Незибежното црно штипче Се молат сите да не ми замеруваат за комбинацијата на бои, ветувам дека никој не ме виде
фармерски шалвари, горен дел униформата за на училиште (црна со сиво) со црни балетанки кои имаат костури на нив п.с.ја мразам униформата :evil:
а чорапите каква боја беа??? и јас за по дома не му ја мислам многу која комбинација на бои ќе ја направам :mrgreen:
Denes na rabota bev oblecena vo temni farmerki i crno djemperce kako so bela kosulka odozdole, crni cizmi i kratka crna kozna jakna Si se svigjav
Униформата за на училиште (сиво блузе по кратки ракави и црн џемпер), сиви фармерки, сиви патики и црно палто. Ја мразам униформата :twisted: А сега, веќе сум дома и како и секогаш низ дома си носам пижамчиња
Еми Хипице,добре дојде во клубов и јас сум денес све ми боје лепе стоје Си носам маслинести тренерки,бело со лилаво плетено блузиче,зелени чорапи :? ииии....а и сиво џемперче.Ама не излегов од дома ич
Денес лежерно во зависност од расположението...широки фармерки, црни патики, зелена блуза и зелено палто (малку потемно од блузата). И моментално носам потокалови тренерки.
Е да ме отепаш не ми текнува Добре те најдов Јас денеска: црвено-бело џемперче, црвена блуза, црни пантолони, црно-бели обетчиња со винт, црвено шалче, црн капут, ракавички, црвени чизмички. Моментално наместо џемперчето и блузата имам две други блузи: едната бела, другата црно-бела.