За на работа носев морнарска блузичка на дебели прерамки сина наметка врз неа, фармерки и розови цевлички со розова дрвена алка и розови дрвени обетки а дома тренерки
Чекај сеа да ви кажам шо песна ме опишува! http://www.youtube.com/watch?v=IyNP5cVP ... re=related Моментално,кафени,кожа боја,плетени сандали,фармерки светли ( и описот погоре),обична маичка (кафена),со гол грб и набрани ракави (ама дискрено),со задскриено деколте овај нали кое делува ветувачки шо би рекла другарка ми хахахаха,ташна плик ко сандалите и некако жештина,ама се мислам дал да облечам сако кремкасто(ама сепак не).
Вчера носев тоа што е постирано во модни критики а денес сум крш на квадрат. Сабајле не гледав што облакам од што ми се спиеше. Носам истите фармерки кои ги носам последните 4 дена. Па омилени ми се. Тегет-бело сако во риги со златни манжетни. Тегет балетанчиња, колан во истата боја и тегет маичка по прерамки. Накит исто како и вчера, бисерно ланче и бисерна алка. Заклучок: не дека гледав што облакам. Вчера и денес сум слично облечена, ама тоа е тоа. Слики: Спојлер
Црни фармерки, црни патики, црна маица, лила џемпер, шарена марама и црна ташна црнила ама таков беше денот
Црни панталони, тиркизна маичка по прерамчиња, црно сако (го позајмив од другарка) , црни патики и тиркизен прстен.
Фармерки, бела маичка по прерамки, одозгора друга бела маичка на преклоп со чипка, камила боја сандали и таков каиш и темно кафена ташна. Кристални обетки и бел часовник