Косата ненормална како и секогаш , и со црна марама врзана високо на главата во панделка Жолта маичка која ја облеков како топ, а прерамките кои се врзуваат околу врат ги врзав напред во панделка Фармерски шорцеви, точкаст костим за капење, дрвена алка на раката, сламена ташна и црни апостолки Спојлер
За на работа тегет маичка со бел принт, црни пантолони тесни, тексасен сив елек, црни чевли со отворен прст и црна чанта ...like this
Се уште носам. Бордо балетанки, црн топ, флорална сукња со висок струк и над колена. Не, не носам флорал затоа што е во тренд, туку затоа што сукњата е стара а не сум ја носела. Темно сива, светло сива, црвена и бела боја е сукњата, односно цветичите се од тие бои. Над топот носам како болеро/џемперче, бордо, за да ми ги покрие рамениците. На работа не мислам дека е добро да се оди разголен. Носам црвена огрлица која сметам е вишок, ама во 7 сабајле што видов зграбав.
Седев во пижами, па после за до пазар облеков рамбовка, кратки пантолончиња и апостоки и сега пак пижами