Бели кратки панталончиња, пела рамбовка со чипка, одозгора сина тексас боја кошула долга раскопчана, сандали на плута шарени и тегет ташна. Косата во пунџичка со тегет машничка и наочари за сонце
Малку необични, некоја боја, незнам баш каква,маваат накај тегет, пумпарици, потсеќаат на шалвари, но не се, од некој специфичен матерјал, некоја, мат, груба дебела свила, свечени не се воопшто, бела рамбовка и едно виолетово џемперче, ама мнооогу тенко, скрос проѕирно, и на виолетово високи штикли...бели висечки обетки и бел голем прстен...
Црно бела маичка во риги со гол грб, тексас сукња, бели старки и црна ташна. Очила за сонце обавезно и бушава кратка коса со еден тон гел на неа.
Прво за по дома -- кратки зелени панталончиња и бела рамбовка Второ за посебната пригода -- фармерки плави, кафева маичка на прерамки (малку поширока доаѓа) и кафеави балетанки
светло тегет кратко фустанче од некое лесно материјалче,целото рашарано со цветчиња како розевко крамасти,светло тегет балетанчиња со машничка,иста таква мала тачничка...ноктињата нежно розевки,косата пуштена природно виткана со шноличка со нежно розеви цветови и сребрен накит со сваровски камења
Кремави ленени пантолончиња, тегет маичка со гол грб , се врзува на врат и кремави сандалки на плута и исто кремава ташничка
Денес решиив да се дотерам малку повеќе, за посебна пригода нели, и многу се потрудив околу мојот изглед. Денес беше едеен невообичаен ден.. и го поминав во Спојлер моите омилени пижами .
Денес сменив толку алишта на мене... Прво од сабајле кога трчав носев црни тренерки (а одоздола хеланки за подобро да се испотам ) црна маичка по кратки со сребрени букви LOVE на градите и црни патики. После тоа за по дома си седев по комплет рамбовка и шорцеви, црно со жолти рабови. Бев со другарка на кафе и тогаш носев фармерчиња кратки, бело топче со црни шари, црни римјанки и црно ташниче. До сега се возев со ролери и носев кратки, балончести фармерчиња и розева рамбовка... А за вечер за искачање... треба да го разбуричкам шкафот...
Денес си облеков еден лесен ф`стан некоја циклама боја со црни пруги на прерамки и така троа по широчок за да се луфтирам и ладам (кога дувна ветре се осеќав како Мерлинка ...нашата де...) На нозе носев римјанки иако кратко, само за по пат до кај моите. Цел ден сум босонога.