Пинки деј!!! Косата собрана со штипче. Ленена кошулка на кимоно од мама долу подврзана, панталонки до глужд со каиш, гумени сандалки. Розево од глава до пети.
Крем боксерка и кремови панталони. На нозете црни балетанки. Сето тоа за до работа. А на работа униформата. Бело па се невиди
Бели кратки пантолончиња, бела маичка со розеви шари, бело-златни сандалки на полна пета и бело златна ташничка со циркони
Портокалово, розеви, црвени панталони (не дефинирана ми е бојава ) Крем блузичка по кратки ракави со чипка на ракавите. Крем балетанки со истотака портокалово, розеви, црвени цветчиња.
Фармерски кратки пантолони и лилава маичка за низ дома и бела сукња со црвено-тегет рабови и бела кошула за по гости...
Денес Зара да ми даде гратис кошуља, затоа што само што сконтав, ептен сум унибрендирана денес Црни панталончиња, 3/4насти. Бела кошула со црни шари кои изгледаат како некој со четка со црна боја да ми ја испрскал кошулата, нешто во индиски стил, и нешто као туника, апла тенка, баш летна под која што носам црно маиче на прерамки. Нешто вака. Со сините кондури и во иста боја обетки, и еден куп на црни алки изнаредени на десната рака. Сиво - црн плетен каиш кој се врзува на повеќе превиткувања, и во иста нијанса мало чантуле, исто така плетено. Коса во висока, растурена пунџа. Цвика на глава, стандардно
Кратка тетсас суќна и маичка со кратки ракави-за по дома,а за на работа тексасна туника бели хеланки и бела маичка под туниката.
Кратка тексас сукња и кремова маичка со везени темно розеви циркони на неа. Бели гладијаторки и сонце за очила, овај очила за сонце