1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што носевте како мали?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Unfaithful18, 7 август 2010.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Ахахах интересна тема. Кога се сетам што сум носела и кога се гледам на слики си се газам од смеење. Кога бев мала обично носев хеланки и блузички наследени од сестра ми. Се сеќавам имав едни патики што многу ама ептен многу си ги сакав, дури ми се излижаа одоздоле и ми се полнеа со вода на дожд (ама не и кажував на мајка ми) јас сепак си ги носев. Еднаш кога си отидов дома и мајка ми ме виде со мокри нозе и патиките трес во канта, лелеее колку само плачев по нив хахах. Една блузичка со цуцла на неа си ја носев долго време и сите ми се смееја поради неа :lol: А пак кога влегов во пубертет се сеќавам дека градите ми беа различни по големина (едната малку пораснала, другата ич) и ми беше срам да носам тесни блузички па божем раперка се правев (нема веза). Исто така знам дека мајка ми ми купуваше комплетчиња, фустанчиња, суќнички, шарени хулахопки.. леллел.. ама типка сум била... :rofl:

    Ах сум ги заборавила и лакованите кондурчиња, и црвените траперки со разнобојни цветчиња (како кловн сум била во нив)

    А еднаш со сестра ми најдовме материјал па ајде ке си шиеме алишта. Ама убава маичка со суќничка си бев сошила. Си се шеткам низ маало и сите ми се смејат. Кога отидов дома и кога ме исфрлија по целото тело едни бубулици леле страшно не ми текнува како сум ги излечила.. цк цк сум ги заборавила тие случки :lol:
     
  2. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    па се што сум носела, тогаш се носело(хеланки кога бев помалечка, потоа траперки, некои блузички, бициклистички(така мислам се викаа)сукнички..) се што тогаш било нормално да се носи, па на облеката не се смеам толку, ама за косата :worried:hock: леле подобро да не кажувам...
    од секогаш со косата најмногу од се сум се замарала, само сум правела некои фризурички, не велам не, убави биле и уникатни, ама шнолите :o , леле кога ќе се видам на некоја слика :o , леле бре со кој ум ми ги купувале :fubar: , некои огромни колку цела глава, посебно кога ќе се видам на некоја слика со едни црвени(омилена ми била црвената боја) како да ги опишам не знам-кругови и надолу со испуштени дебели виткани конци и пуфче скроз најдолу, леле само колку сум ги носела, и тоа не по едно, по две(од по страните), цела глава ми ја зафаќале и со нив плус уште некое |( ...се сеќавам и кога мама не ме оставаше така да одам наредена првиот ден од забавиште и јас со сандалките на мене се пикнав в кревет и и реков не одам на училиште :rofl: , па сакала неќела така ме однесе, после не ме гледаше што правам таа на работа, јас сама се спремав, леле гревче бев, не е ни чудо што запалив една слика
    да ви ја доловам ситуацијата, замислете си едно малечко суштество од една педа со црвени тренерки, со виолетови обетки-срциња (од мајка ми), големи колку главата, горе опишаните црвени шнолички, црвен кармин (од мајка ми) и виолетова сенка (исто од мајка ми),(право ѓупче бев, па мајка ми кој дојди му ја покажуваше сликата да се посмејат(тогашните нејзини колешки од работа , и ден-денес ме гибаат за тоа, на работа му носела слики да се смеат, како дома сама сум се спремала :x :envy: )) и еднаш се смееја, си заминаа луѓето и сликата мистериозно исчезна :nod:
    дури и раката си ја подгорив во каминот :D
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.180
    Допаѓања:
    23.861
    Бициклистички и монтка 8)
     
  4. unique.lady

    unique.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    69
    купачи и блуза за надвор во лето :lol:
    во зима на снег со патики пантоломчинја блузичка и палтенце абе ..
     
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Hа сите слики носам тренерки,монтка и некои фустанчина глупави по вкус на баба :D :emo:
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Најчесто старки и блуза. Ме знаеле моите уште од мала што сакам. :P :D
    Имам исто и јас една сликичка со едно розево фустанче како крофна сум. :rofl: Ми доаѓа да се исштипам сега кога ја гледам сликата. :D Најмногу ја сакав една ролкичка со џивџи и редовно ги фурав зелените хеланки. 8) Често ми облекувала мама и сукњички, ме дотерувала многу. :) Имав исто и една маичка од Хед Енд Шолдрс шампонот, со голо пупе (како што ја викав :rofl: ) ептен ја сакав, ама откако избањав едно маче, па моите ме искараа и ми рекоа дека ќе ме кара мајка му, ја соблеков и више не ја облеков - да не ме познае мајка му, за сваки случај. :D :rofl:
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  7. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Па тоа што се носело :lol: Моите многу сакале да ме дотераат,абе луѓето ќеф си праеле со мене,ко играчка да сум :$ Мама се што беше "модерно" тогаш,се ми купуваше:хеланчиња,траперки (многу сум ги сакала :$ ),а на главата еден куп штипчиња во иста боја со алиштата,да одговараат :!: Ахх,кога ги гледам сликите неможам да се иснасмеам :D А, и умирам од смеа кога ќе се сетам дека кога ќе имаше снег,за да си играм а да не се изводенам мама ќе ме облечеше со едни шушкави панталонџиња и џакетче,црвени по боја! :!:
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    па сум носела тоа што мам викала дека тогаш е мода...шала на страна точно е дека мама бирала,но по сликите гледам а и нешто малкуј што се сеќавам секогаш убаво искомбинирано и прекрасно облечено за девојче на тие годинки.
    фала ти мамо :*
     
  9. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Мајка ми ме облекуваше како машко спорцки И ГО ОБОЖАВАВ ТОА! :*
     
  10. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Хахах доста интересна тема ме потсети на детството . :rofl: како мала сум сакала да носам хеланки , и само хеланки , сум имала многуу во различни бои но мајка ми кажа дека посебо сум сакала цветни а нај интересно е што и сега ги обожавам :lol: :lol:
     
  11. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Како мала многу сум сакала да носам шарени хеланки и жолта баретка ( моделот како на сликата подолу само од мек материјал , не плетена ) , и мајка ми има кажувано дека кога ќе спомнеле шетање веднаш одам и си ги наоѓам хеланките и баретката и им ги давам да ми ги облечат :inlove: :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • Yellow beret.jpg
      Yellow beret.jpg
      Големина на фајлот:
      17,4 KB
      Прегледи:
      165
  12. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    паааааа зависи колку мала..кога сама бирав што да носам се секавам дека бев во тон-еднобојно облечена,зелени фармерки со зелена блуза,портокалови..дури и шнолите ми беа во иста боја!знам дека ги мразев кошулите бели теткински со фалти со баба ми некако правев компромис па ме убедуваше да облечам на приредба во школо,и чевли лакирани мразев(ми ги купуваа од астибо,обуќа,или пеко)облеката беше од стоковна,пижамите од стружанка или бугарија,монтка со пердуви лилава од орка(реееетко кој ја нема)хеланки со туника,дводелно комплетче со баретка од ист материјал,тексас јакна,фила и адидас патики,а кога сме кај обувките се сетив на наланите дрвени со штрумфови(ептен ми беа фатени за срце)...другооо ташнички детски обожавав,мали чадорчиња,шноли(незнам дали се секавате на ситните што ги викавме вошки)...ммм се растажив,ке допишам друг ден има уште многу!
     
  13. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Како мала секогаш носев музикални обувки :) Абре било да се патики или пак влечки,сандалки морат да свират додека одам.
    Исто така многу сум носела и хеланки,а како најмала многу сум ги обожавала шеширите па си носев шеширчиња скоро секогаш.Ммм,носев и траперки чинам се викаа. :lol:
    Мама со косата секогаш си имаше проблеми,најчесто имав коса до раменици боб фризурче.И често мама кога сакаше да ми соберит репчиња,ќе ми ги соберит и ќе излезам надвор и ќе ги пуштам.Никако косата несакав да ми бидит собрана. :rofl: :rofl:
    Кога бев во фазон на ракометарка,секогаш носев тренерки :) Омилено парче облека ми беше. :rofl:
     
  14. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    За среќа мајка ми не била од оние кои ги китат децата и да ги облекуваат во смешни комбинации па денес немам некои чудни комбинации на кои би се смеела. Од мало, секогаш во елегантни фустанчиња со бои што се убаво искомбинирани и со лакирани чевлички што одговараат. Косата секогаш во плетенка (рибина коска, обична, внатрешна) и средена. Такво мало сум била, елеганцијата и женственоста од тогаш на ниво. :lol:
     
  15. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    :lol: :lol: секогаш розеви фустанчиња :D :D
     
  16. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    розева,црвена,лилјаковаа боја :D А најчесто фустанчиња :D
     
  17. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    :D се сеќавам колкава атракција беа ѕвонарките....и црвени панталони со синџирче кај џебовите :D
     
  18. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
  19. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Ги носев најсмешните панталони на цел свет!! :D
    Се креваа до под мишки,имаа чудни коцки,како принт на цели панталони.
    Потоа...имав индијански маички и блузи,мислам 2-3 беа,кои што не би ги ни погледнал,а не па да ги носам! :lol:
    И памтам имав едни папучи-како топлинки беа и беа зелени во форма на коли.И кога ќе се стиснеше колата свиреше. :rofl:
     
  20. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Ехее како помала се бев во фустани..И се некој црвени и розеби..Потоа кога малце потпораснав ги оставив зад себе розевите фустанчиња.. И стилот ми бил офф леле мајко ала клован..:lol: Потоа кога имав некаде околу 5-6 години повеке сум личела на машко отколку на женско..Дека се дружев само со машки и сум ме облекувала нешто слично на Еминем..:lol: се секавам имав доста облека шо стоеше така..И памтам едни незнам ко шо беа панталони..Абе оние шо ги носат работниците..Такви имав само фармерски, и кога ке видам некој слика од мене и баш тие ги носам ми е страв да ја погледнам сликата :worried: