Долна пижама, и нагоре една цветна рамбовка што лани мислев дека е полн погодок за летото. Се додека не ја облеков еднаш, и сфатив дека е најлошата инвестиција што некогаш сум ја направила, принтот е ужасен и плус лошо ми стои. Сега е добра за спиење. А да, и чорапи зашто смрзнувам.
И јас како Кримсон, си го носам надоле долниот дел од пижамата, а нагоре си седам со џемперчето и марамата со кои бев излезена. Не ми се соблекуваат, ми мирисаат на неговиот парфем и срце не ми дава да ги симнам од мене. И битен момент се розовите термо-чорапки, во пакет со навлечените ногавици од пижамата во нив.
во црно розеви тренерки и непланирам да ги соблечам бидејќи ми мирисаат на ленорот на кој мирисаат алиштата на дечко ми
Сиви тренерки, црвена маичка, црна со розево дуксерка, сини чорапи и СВЕ МИ БОЈЕ ЉЕПО СТОЈЕ ! Мода прва класа бе !!!