Плави фармерки,тиркизна блуза со розеви линии,бордо марама и едно црно како дуксер али не е дуксер xD знам дека комбинацијава вака кога ја опишувам изгледа чудно,али вака коа ја носам мн ми се свиѓа ;p
Есенски бои, кафена и крем. Односно, сабајлево ме прелажа па облеков гумени чизми, за срамови, тоа надвор пука сонце а ја карирани гумени чизми. Инаку носам пантолони твит материјал со висок струк и каивче кафено, и пантолоните се кафени, тенка блуза по долги ракави кафена боја, џемпер крем боја со кратки ракави и краток до под гради, ама многу широк и целиот паѓа, со длабоко деколте. Коса во репче фатена, претходно испеглана, шишка крената и фатена со шнолка. Накит само менѓушки мали и ланче бувче на долго синџирче. Комбинацијава си ја обожавам.