1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што облекувате и како се подготвувате за спиење?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од viki85, 20 ноември 2010.

  1. viki85

    viki85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    21
    Аман со тоа лице :worried: , премногу време одзима, и тоа баш кога човек е најутепан. И јас го тинтрам пред спиење, ама кога се враќам касно од излегување, и уште па ако сум цврцната :D , знам да си легнам сосе шминка, и сабајлето нормално изгледам како вампир. Инаку кога спијам сама облекувам пижами, а кога сум со дечко преферирам некоја секси ноќница или ништо :$ Пред спиење ги мијам стапалата и ги мачкам со хидратантна крема и облекувам чорапи за хидратација, истото важи и за рацете. Кога ќе видиш, 1 саат ми треба да легнам.

    * се извинувам ако темата се повторува :(
     
  2. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    најпрвин ја вадам шминката од лицето,ги мијам забите и лицето,облекувам пиџами и .....|-)
     
  3. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    Значи најмногу го мразам овој дел - да се подготвувам за спиење ако многу ми се спие :doh: или после многу учење не знам кај ми е главата па уште како тоа да фали ...
    Во секој случај, најчесто се туширам пред спиење. или, доколку ми е мака,најпрвин обавезно ја отстранувам шминката, па го чистам лицето со лосион, се мачкам со кремче ( мал слој и не многу мрсно ), се мијам заби, ја врзувам косата, облекувам пижами и право во кревет ! :lol:
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.133
    Допаѓања:
    88.427
    Пол:
    Женски
    Без разлика дали сум уморна или не, пред легнување мијам лице и заби, ја врзувам косата затоа што мразам кога спијам да ми се пика во уста, а кога ќе станам да изгледам ко вампирка. Се мачкам со млеко за тело, на рацете крема ставам и облакам пижами зимно време, а летно си спијам по гаќички и маичка.
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ако сум искочена се облекувам прво во пижамчиња, а ако сум седела дома тогаш веќе и ми се облечени истите, зашто по цел ден си седам у пижами :lol:. Имам мноооогу пижами летни, пролетни, многу дебели зимски, три четврт, кратки, долги ...
    Чорапи си облекувам ама откако ќе си легнам ги соблакам обавезно.
    Миење ова она. Обавезно чистење на лицето со млеко за отстранување на шминката ако сум имала шминка. А потоа обавезно и чистење со хлоеафеникол.
    Некад ја врзувам косата, а некогаш ако ја исфенирам никако репче ќе ми се извитка.
    Крема за раце си ставам.
    Лабело секако, зависник од истото сум.
    Пред спиење мочкам обавезно :rofl:
    И си легнувам.
     
  6. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Па немам некоја посебна подготовка за спиење! Облекувам пижами, го чистам лицето, мијам заби и легнувам да спијам!
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Ако сум си седела во пижами цел ден само си легнувам . Ако сум вратена од искачање со муки ја вадам шминката па си легнувам , порано знаев со шминка да легнам од немање сила да ја извадам ама се одвикнав од тоа . Кога сум дома а не сум во пижами тогаш си облакам и си легнувам . Ретко кога спијам без чорапи , скоро никогаш . Ако немам чорапи како гола да сум . Си мочкам и мијам заби- обавезно тоа . Мочла голема сум :tmi: :lol: Инаку во зима нормално имам дебели пижами а лето или по кратки или ноќница некоја откачена . Со дечко ми кога сум , немам ништо освен гаќички :lol: :lol:
     
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Росонерка, се знае ако не се мочка нема спиење :lol:

    Мојот ритуал пред спиење зависи од тоа дали е лето или зима :)

    Во лето секоја вечер се мачкам со антицелулитна крема и со мојата смеса од павловиќева крема и бадемово масло (посебно ако имам изгореници од сончање :tmi: ), а во зима поретко го правам ова, ама најчесто кога се мачкам во зима облекувам хеланки за подобро да се впие кремата и носам чорапи на нозете инаку ако не сум намачкана ретко легнувам со чорапи.

    Косата секогаш ја врзувам во репче бидејќи ми е долга и ме нервира ако ми е пуштена (Росонерке за да не ти се извитка кога ти е фенирана фати ја во ниско, лабаво репче ;) )
    Задолжително го мијам лицето со гел за миење на лице и ставам крем за лице и за околу очи, мијам заби и легнувам да спијам :)

    Бидејќи губам доста време додека да си легнам, настојувам убаво да си се наспијам 8) :D

    А за пижамите- во лето носам кратки розеви :) (сите летни ми се розеви незнам зошто :D ) или спијам по маичка и боксерки.
    Во зима спијам во плишани пижами или подебели хеланки и имам еден куп вакви чорапи [​IMG] кои си ги носам во зима кога цел ден си го поминувам со плишани пижами :)
     
  9. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    немам некои посебни ритуали, мочкам, мијам лице заби, облекувам пижами и легнувам. :)
    Кога сум вратена од излегување, смрт ми е да ја вадам шминката, а и малку ако имам испиено како ме мрзи, и ми се спие, со 300 сили ко успорена лента ја вадам. Пижами обожавам често знам и цел ден да си поминам во нив, во зима подебелки, во лето сакам интересни ноќници, и кратки шарени пижамчиња. Сите пижами ми се шарени, интересни, и пред се удобни и од убав матријал, тоа ми е многу важно.
     
  10. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    најпрво облекувам пижами, ако имам шминка ја вадам, мочкам, мијам лице и заби, се чешлам и легнувам. Потоа земам да читам книга или гледам филм се додека не заспијам...
     
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски
    Посебни ритуали немам :) Истото што го прават сите...
    Прво одам и се мијам лице и заби,отстранувам шминка и нечистотија од лицето..
    Си го мачкам лицето со хлорамфеникол,крем за лице и трепките со рицинусово масло.
    Се чешлам,ставам крем на рацете и павловиќева на гз,лакти,коленици :D
    Се мочкам :$ Мијам заби,облекувам пижами ако веќе не сум во нив и легнувам..Обично слушам музика додека да ми се преспие на телефонот..
     
  12. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    И јас слично како сите :D
    Прво ставам пижами,па ако имам шминка ја отстранувам со голема мрза,мијам заби и лице,ставам бекутанче на лицето :$,мочкам,проверувам дали сум наместила аларм најчесто,и си легнувам.А кога не ми се спие баш,исто како багуфче и јас слушам музика на телефон додека ми се приспие(најчесто некои балади) :)
     
  13. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    немам некои посебни ритуали.. :)
    прво си ги облекувам пижамките, па одам да мочкам :lol: си мијам лицето и забите, си ставам вазелин на усните, бекутан-крем на лицето, си чешлам косата (со едар чешел, и не многу детално, зашто ако ја чешлам со четка и детално како што ми е кадравка ќе ми се надуе :D ) .. чорапки обавезно :lol: и така си легнувам да спијам :rofl:
     
  14. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    И јас ништо посебно..

    - чистам убаво лице и мачкам со крем,гел..што треба..
    - облакам пижами
    - ставам телефончето под мене и навивам аларм за утредента И
    - |-)
     
  15. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Секојдневна рутина: Прво мијам лице, потоа заби, мачкам лицето со лосион и ноќна крема, маска за подочници. Потоа мијам интимни делови, ставам вагиналета од кантарион и дневна улошка :) , мијам нозе, мачкам крема, облекувам пижами и легнувам...
    Вонредна ситуација: Кога се враќам од некаде изутрина, утепана, во панкерски фазон, мижејќи облакам прво што ми е при рука удобно, (тренерка или некоја социјалка маичка), до креветот на наткасната имам секогаш влажни марамчиња, пребришувам лицето набрзинка, му се извинувам убаво за несоодветниот третман, со надеж дека ќе ме разбере утредента. :)
     
  16. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Прво облекувам пижами, па мијам лице, заби , преку еден ден се туширам, летоска обавезно пред спиење, многу ме освежува и заспивам како бебе |-)
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Прво мочкам,па си мијам рачиња,лиценце...Па си земам четкичка и паста и мијам запчиња...Почесто и се бањкам...Си облекувам после пижамчиња и легнувам во креветче да нанкам |-)
     
  18. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Вака завршува еден мој обичен ден:
    Вечера (се потсетив да одам да јадам :lol: ). Миење лице,заби,раце. Облакање пиџами. Чистење на лицето со 3 памуци :lol: . За подобро да се исчисти де :rofl: Ке стојам 15 мин пред огледало и ко некој критичар ке си барам недостатоци и маани. Откако ке се изнабљудувам :lol: ке вклучам тв и ке буричкам низ програмите. Кога ке ми се приспие ке ми текне дека телефонот ми немал батерија, а утре сум на школо рано. И аајдее.. Ке го барам телефонот, па ке палам сијалица за да го погодам штекот и конечно ке си легнам. И ке мислам. Утре во што ке одам на школо? А што треба да учам? Кажа ли некој тест? Вкусна ли беше вечерата? Да не заборавам пак на Англиски. Зошто размислувам? Ај нема да мислам. Ама неможе, ПАк мислам дека нема да мислам. Епа ај ке мислам на автопат, и како се штампа патот од печатач. ДА. Тоа ке мислам... Аман не бидува спиење. А да си се помолам може некој аир ке видам, колку за здравје, да не сонувам некој кошмар или за некоја оценка ? А да се свртам на другата страна ( се вртам ) а зошто се свртев? ај пак на другата :rofl: :rofl:

    и некако заспивам |-) |-)
     
    На macence85 и INSIDIOUS им се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Се туширам обавезно, облекувам пижами, бришам шминка, во зимо го чистам лицето со камилица, мијам заби и се мачкам со павловичева и секако мочкам. Пијам вода (по две чашки минимум :D ), си легнувам и пуштам Antenna 5, ако има електронска музика веднаш менувам станица и првата песна уште не завршила, а јас сум заспана. :D
     
  20. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Подготвувањето за спиење веќе долго време ми е рутина.
    Обавезно бришам шминка ,колку и да сум уморна,а често и го чистам лицето со хлорамфеникол,потоа млеко и крема.
    Се мијам,одам во вц,потоа облекувам пижами(ако веќе не се на мене :D ),па лабело,крема за раце...
    И кога ќе си легнам обавезно нешто читкам,списанија некои обично..