Облекувам пижами (или хеланки и рамбовка), косата во пунџа, мијам заби и лице, денсам барем пола саат, и за крај, се џиткам во кревет.
Се туширам скоро секоја вечер, понекогаш ме мрзи па го прескокнувам тоа Потоа си облекувам пижамки Па си ја чешлам косата и ја врзувам во високо репче, мијам заби и легнувам со телефон и пола саат си играм игри и висам на facebook, twitter и слушам музика После тоа кога ќе ми се приспие си заспивам
Шминката ја бришам со млеко за бришење на Дебора, потоа со тоник, па се туширам/бањам, па облекувам пижами евентуално долга блуза и на гаќи , после тоа го мијам лицето со гел со гранули, па се мијам заби, ставам крема(некогаш заборавам ), па во кревет и секако дека не спијам туку дремам на телефонот
Се облекувам во пижами, или хеланки и маички, а може и беби дол нагоре, мијам лице и заби, си дремам на телефон, танцувам низ соба, гледам серија, слушам музика и по 5-6 часа заспивам.
Ако имам шминка ја чистам со млеко за чистење на лицето, а доколку немам не ставам ништо. Забите задолжително ги мијам пред спиење.
Brz tus, oblakam pizami,mijam lice i zabi i spremna sum za nankanje. SEKAKO zirnuvam sto ima staro novo na moite omileni temi na femina,malce na fb i zZzzz...
Нанесувам аутан на цело тело и ставам црни сатенски навлаки на очите...тоа е се, додека не поминат горештините и комарците.
Првин основните работи ги правам пред спиење ако имам шминка се мијам со топла вода, ако имам ептен јака шминка ја вадам со лосион за остранување шминка,ако немам шминка мијам само заби и потоа ставам крем за лице. Потоа се чешлам, ја врзувам косата во репче, си облекувам во пижами и кога како дремам на телефон зависи.
Најчесто мијам заби и лице,ставам ноќна крема за лице,облакам пижами и трк во кревет. Кога имам шминка,преферирам да ја извадам веднаш после влегувањето дома,без разлика дали ќе спијам или не,бидејќи ужасно ми пречи. Неретко и на косата и ставам некоја маска да ми отстои цела вечер,па утрото ја измивам(ова во летниот период).
Ако сум нашминкана ја вадам шминката со влажни марамчиња потоа се мијам лице и го мачкам со крем се мијам заби и облекувам пижами.
Го мијам лицето , забите , не секоја вечер се туширам , косата во плетенка , пижамките и во кревет малку на нет и тоа
Јас прво облекувам пижами. Си го мијам лицето, забите. Ретко се шминкам, ама ако имам шминка пред спиење обавезно ја мијам. Потоа бидејќи најчесто спијам со фатена коса, ја врзувам лабаво со стегач. Ако не сум многу уморна читам во кревет и потоа заспивам.
Се туширам па се мачкам со антицелулитен гел, а остатокот од телото со обичен лосион. Облекувам боксерки и долга маица со мексиканец и кактус (омилената за летно спиење). Чистам лице, мијам заби, ставам ноќен крем и се сместувам во кревет. Додека ми се приспие читам книга или библијата си ја читам. Главниот момент е кога ќе ми се приспие треба да станам да изгасам светло и нормално се расонувам, па за да ми се приспие пак играм игри на мобилен.
Се туширам,се мачкам со млеко за тело,облекувам пижамки,ставам разни препарати за акни,ја врзувам косата,пијам чаша вода и спијам..