Обично се туширам,ставам крема на лице и на раце,ја чешлам 10 минути косата обавезно,облекувам пижами и си легнувам. Потоа веднаш ке станам,пошто тешко дека јас заспивам веднаш и си пуштам некое филмче/сериче,земам млеко за да ми омекне душичката за спиење (не ми замерувајте ) и така додека не ми се навистина приспие.(што е околу 4 сабајле инаку)
најпрвин облекувам пижами мијам заби ставам протези го чистам лицето ставам крема ја чешлам и ја сеобрам косата седам на компјутер и си легнувам.
Во лето можам и до два дена да немам потреба да се подготвувам за во кревет дека нонстоп сум во пижами или пижами ми се се што носам преку дента по дома.Многу нормално. Сепак,ако сум испадната или билошто прво пред спиење се туширам толку многу ме опушта како масажа некој да ми правел.Потоа,млеко за чистење лице,пилинг за лице,тоник за лице и кремче.Не користам ноќен крем , за мене Нивеа за бебе ми е за се и сешто.Ја чешлам косата ја врзувам во репче и правец правење на кревет. Откога ќе сменам постелнина по трети пат во една недела дека така се чувствувам свежо и знам дека ќе спијам мирно таа вечер, се мачкам со млеко за тело и облекувам што ќе ми се свиѓа од плакарот односно што може да се искористи како пижами.Значи никогаш не ги носам нормалните пижами или па во последен случај ќе носам маичка од едни пижами со панталонки од други пижами.Многу 'пижами' ,знам. И после земам списание да читам или правам со сестра ми муабет до касно за се и сешто и кога тоа ќе биде доволно нормално Инстаграм,Ју Тјуб и уште што не вртам уште цел саат.Местам аларам и склопувам очи.И мозокот на спиење - не пошто во изминатиов месец многу проблеми така да не спијам многу добро.Амааа..тоа е друга прикаска. И така.
Го местам креветот, облекувам пижами, вадам шминка ако сум нашминкана (што се случува многу ретко), мијам заби и лице, понекогаш ставам крема за лице и раце, легнувам, гледам ТВ и после се мачам да заспијам.
Облакам пижами, мијам заби, го чистам лицето од шминка ако сум бил излезена и го мачкам обавезно секоја вечер со маст. Ги мијам стапалата и ги мачкам со крем за хидратација. Седам на компјутер уште некој саат, дур се раздени (сега летово) хаха и си легнувам.
Епа вака. Си ги сакам пижамките, затоа што ми е многу удобно во нив и си ги облекувам уште во 20:00-21:00 часот. Секој втор ден се туширам пред да ги облечам, а во зима и поретко. После тоа ќе си земам нешто за јадење и седнувам на компјутер, па после пауза и малце книга читам па пак на компјутер се додека не ми се приспие. Кога ќе ми се приспие одам во тоалет, мијам заби, лицето со сапун, си ја чешлам косата и после тоа си ставам крема на лицето и рацете, а лабело на устата. Ќе си легнам во кревет заедно со моето пријателче-телефонот и си играм игри или сурфам на интернет додека пак не ми се приспие, после го оставам и си заспивам како јагне. Многу се разборев бе јас ама досадно ми е па еве малце поопширно
Облекувам пижами, одам во тоалет мијам заби и го чистам лицето со лосион за чистење лице и шминка ставам лабело за усни и на ком. по некое време легнувам и ја чешлам косата пред да легнам
Си клавам пижами, после мијам заби, мијам лице со сапун и со лосион, си ставам крем за мозолчиња, ја чешлам косата, в кревет се сместувам со лаптопот, ко ќе ми се приспие се преврќам и си заспивам
Се туширам ако имам потреба, облекувам пижами, ги мијам забите, лицето со влажна, ја плетам косата и во кревет на спиење.
Мијам заби и лице. Потоа облекувам ноќница и си ја пуштам омиелната песна. Ставам маска од бадем на лицето, го местам креветот за спиење, си пуштам некое хорорче. Откако ќе заврши филмот, си исклучувам компјутерот и си легнувам.
Облекувам скафандер, кружам три круга околу креветот, изведувам ритуален танц и си легнувам со мирно срце.
Не знам, пијана сум навечер, не се сеќавам наутро како се спремам. Според тоа како се будам, најверојатно имам див секс, оти имам гребаници по задникот и модрици по нозете, прсти на образите. Или тоа, или се тепам со некого, во што не сакам да верувам. Реалити чек - се туширам, облекувам маица на дечко ми или моја широка, читам малку, муабетам со дечко ми и заспивам додека зборуваме за нешто.
Се мијам заби..Облакам пижами..Легнувам во кревет..Некогаш гледам телевизија,некогаш седам на компјутерот или на телефонот а некогаш директно заспивам
Се туширам, се мачкам со млеко за тело, облекувам пижами, мијам лице и заби и ставам крема на лице и раце.