Ставам пижами, се чешлам ако ми била пуштена косата, ако не тогаш одам директно во тоалет вадам шминка, мијам лице, заби, одам во кујна пијам обавезно чаша ладна вода и зборувам со љубовта на телефон, потоа одам во соба го ставам телефонот да се полни и отворам прозор од соба и легнувам.
Некогаш само облекувам пижами и толку, ако сум многу изморена ниту заби мијам, ниту шминка. Инаку се облекувам, ја собирам косата, си ставам маска за лице или се мијам со гел или со сапун, мијам заби и тоа е тоа.
Пижами,Ако имам шминка ја тргам мијам лице,ако немам пак мијам лице заби ставам крема и на рацете,косата ја врзувам бидејките кога ми е пуштена ме нервира си земам водичка до мене и си легнувам
Како маж, во најудобните гаќички и тоа е тоа. Косата пуштена оти ме боли главата кога е во реп. Спиењето со шминка ми е прегадно и не знам колку треба да сум мортус пијана за да си легнам со пудра. Кога е ладно само некоја лесна спавача. Пижамите ми се најголеми окови кои морам да ги носам дома од поштување кон моите.
Обично се туширам или замивам со вода ,облаккам пижами ,мијам заби врзувам коса,мијам лице,се прскам со AVNE спреј за проблематична кожа ,чекам да се засуши го мијам лицето и ставам бадемово масло ..гасам се околу мене и отвотам прозор да се излуфтира влагам читам книга неможам да легнам без да не фатам книга во рака читам док не ми се приспие (порано практикував фб да дремам ама си викам што фајде стнауваш од лаптоп и одма у кревет пак исто божее и си сменив сега наместо моб ,книга) ми дое дремга оооодма гасам светло и заспивааам
Ако имам евентуално шминка ја вадам, па мијам лице, мијам заби, па облакам пиџами, ја чешлам косата (ако е топло ја собирам), местам аларм на телефон, спуштам ролетна, гасам светло и легнувам
Oblekuvam pizami, ja vrzuvam kosata ili ja fakam so stipka, mijam lice i zabi, stavam krem na liceto i legnuvam
Кога би живеела сама би спиела пиштол гола, евентуално со хулахопки (фетиш ми се), ама не секогаш зашто сум пробала и сабајлето ме болат нозете. Така да, пошто сум далеку од моментот живеење сама, во пижами...
Облекувам некое секси комплетче за спиење(кога сум со дечко ми,инаку дома пижами),обавезно уморна или не,морам да ја бришам шминката,ставам крем за лице,ја чешлам косата,ги мијам стапалата,ставам крем на рацете и нозете,мијам заби и правец в кревет и
Мијам заби, мијам лице, правам пилинг, ставам кокосово масло на лицето, чешлам коса и оп во кревет. А инаку спијам со широка маичка и хеланки
Прво се облекувам во пижами,потоа го мијам лицето,потоа следува масажа на лицето со најобична помада/крема,потоа мијам заби. Откако лицето ќе упие од помадата,повторно го мијам и ставам крема за бубулички. Потоа ја мачкам устата со помада, па потоа ставам лабело. Ја чешлам косата,ОБАВЕЗНО ја собирам во репче и ставам крема на рацете. И потоа во кревет
Облекувам пижами, мијам заби и лице, ставам крема на лице, полнам шишенце со вода, мора да има обавезно до мене и си легнувам.
Oблекувам пижами,ја врзувам косата со пуштена неможам да спијам ми смета,ги мијам забите,лицето,ставам крема на рацете и лицето и во кревет
Ја вадам шминката, го мијам лицето, после ги четкам забите, косата ја фаќам во плетенка, си ставам крема на лице и кокосово масло на очи и усни, си облекувам некоја широка маичка за спиење и обавезно термо чорапи иииии си спијам.
Мојата ноќна рутина почнува вака : прво си ја пијам терапијата за коленото и ставам гел на коленото... Ја вадам шминката, го чистам лицето со тоник, потоа го мијам лицето ( помеѓу пилингот и гелот ги мијам забите ), ставам ноќен крем за лице, крем за подочњаци и лабело... Ги мијам стапалата, ставам крем и облекувам памучни чорапи, потоа ставам антицелулитна крема на бутовите, облекувам пижами, ја земам книгата во раце и право во кревет ... Но кога сум ептен уморна ( а тоа се случува најчесто кога се враќам од град во 4-5 сабајле ) само ја вадам шминката од мене, ставам крем на коленото облекувам чорапи и заспивам за 2 сек.
Облекувам пижами, доколку ми е пуштена косата ја врзувам, си мијам заби, лице, го чистам лицето, ставам крема на рацете и си легнувам.