Ако имам шминка на мене ја вадм , мијам лице и заби , ставам крема на лицето, косата во реп , и се успивам со телефонот во рака или некоја серија на тв A за облакање пижамчиња, обично ако сум дома цел ден си седам во пижами најубаво ми е
Се туширам, облекувам пижами или ноќница, се мијам заби, нанесувам дезедоранс, крем за лице, косата си ја сплетувам во форма на внатрешна плетенка, си постилам кревет, често менувам постелнина и навлаки за перници ( тоа не сум јас тоа е мојот хороскопски знак девица), пуштам тивка музика, често слушам радио канал 77 и ако ми се најде некое од моите маченца си го собирам во постела и си го гушкам.
Леле, колку се има сменето во меѓувреме! И сега одам во WC, се мијам заби и лице, но потоа ги нанесувам сите овие работи по следниов редослед: мицеларна вода, тоник, посебен крем или кокосово масло за подочници, ноќен крем, масло за лице и третман за мозолчиња по потреба. Два-три пати неделно правам и пилинг и/или ставам маска за лице. Вонредни ситуации нема, режимот секогаш мора да се истера Во соба облекувам пижами, ставам балсам за усни и легнувам. Порано ставав и крем за раце, но сега секогаш го чепкам телефонот пред спиење, па нејќам да го измрсам. Скролам на Инстаграм или гледам видеа на Јутјуб уште некој половина час, ставам аларм и затворам очи. Целиот процес (сосе скролањето ) трае околу еден час. Spoiler Уште ова: Ако сум со дечко, се занимаваме уште малку пред спиење Тука процесот може да се продолжи на неодредено.