Хаха добро време за одговор...да се потсетам што да направам за некоја минута ) Си го местам креветот, се облекувам во пижами, идам во wc, си ги мијам нозете, па рацете, па забите и на крај лицето..тоа обавезно ) а во вонредни ситуации и нешто повеќе хехе
Епа вака, затоа што сум умна, фина и пред се дама со манири, пред да си легнам во кревет симнувам шминка, се туширам, се мачкам, си ги чистам ушињата, па потоа ги мијам забите, лицето, па си ставам ноќна крема, ја чешлам косата, си ги наметнувам моите пиџамчиња, и си легнувам под топлото јорганче Е сега, не секогаш сум дама нели, и не секогаш трезна легнувам во кревет. Така да се случило, после некоја луда - ма какви, ептеееен луда журка, да дојдам, едвај да ги фрлам чевлите, или едвај да се соблечам, или едвај да симнам шминка, едвај да се довлечкам до креветот и утредента се чудам зошто само на едното око сум нашминкана, зошто сум само по долна облека (евентуално без), зошто сум легнала сосе палтото и слично Среќа што живеам сама. Среќа што не се случува често. Инаку сега ќе се срамев пред вас, форумџики. Ама ептен
Обично по цел ден сум во пижами, па најчесто ми преостанува делот со тинтрење на лицето кое го чистам со лосион, па ставам крем, успат ако видам некое влакненце од веѓите што ми штрчи го кубам, се чешлам, ставам лабело и легнувам, никако без хулахопки и чорапки! Кога се враќам од излегување најмногу време ми одзема чистењето на шминката иако не ставам премногу, ама перфекционист сум и не сакам да има ни трошка останато ии толку
Го чистам лицето обавезно од кога знам за себе.Мијам заби.Ја врзувам косата во репче(не можам со пуштена да спијам).Чорапи вадам од себе,исто и прслук.Облекувам пиџами. Значи нема врска дали сум била весела,тажна,запијана,овие работи морам да ги направам пред да си легнам,бидејќи ако не ги направам нема да заспијам.
Облекувам прво пижами, чорапи, чистам лице, мијам заби, па слекувам горна пижама за да го извадам прслукот па палам тв ако сум била излезена, седнувам на комп, се чешкам низ косата, па кога веќе немам сила легнувам и пет минути ми требаат да заспијам А ритуал што нема шанси да го избегнам ми е завиткување целосно со ќебенцето, инаку нема да заспијам никако Заборавив да кажам дека обавезно, ама обавезно ставам лабело, едно пет-шест пати откако ќе легнам
Прво лицето со марамчиња, па со гел за миење па со лосион па кремата накрај, нели и заби во меѓувреме... Одам во вц, па облекувам пижамчиња, а соблекувам прслук и чорапи морам боса да бидам неможам да заспијам ако не сум... Никогаш не сум легнала со шминка па колку и да сум пијана или уморна само тогаш тој ритуал го намалувам само на марамчињата и како топ се џиткам во кревет.
Пред легнување ги мијам забите и ја ставам протезата, го мијам лицето и го мачкам со ноќна крема, одам ги облекувам пиџамите и легнувам.
Колку и да ми се спие мора во пижами да си легнам. Пред да си легнам облекувам пижами најпрво,ама нема потреба,идење од надвор прво што правам после миење раце е облекувањето пижами така да ако сум цел ден дома цел ден сум во нив. После тоа одам во веце и прво се мочкам,потоа мијам раце,лице,па темелно мијам/четкам заби,го тапкам лицето со крпа,па го чистам со лосион,ова обавезно,е после некогаш ставам помада,бекутан,некогаш не,зошто ме нервира ми лепи на перница,поубаво ми е наутро тоа. И во последно време си пијам по една чаша вода ко ќе ми текне пред спиње,само не знам дали е добро После си го местам креветчето за спиење,се покривам и следува тинкинг, ,па се вртам на една страна,па пак ,па на другата после,морам да се свртам најмалку по 2 пати на двете страни,била изморена или не.Ако не сум покриена со ќебенце/чаршав(в лето) до врат не можам да заспијам,отскриена и без чорапи не спијам. Кога не можам да заспијам ми се случува да се свртам ,“неизбројано“ многу пати се додека не потонам во сон. Чудна работа која што ја имам приметено е дека не можам да заспијам на грб никако,мора странично или на стомак да бидам свртена,не се сеќавам кога последно сум заспала на грб. Знам порано спиев со раката под перница,па после спиев без перница,ја тргав,на рамно ми беше поубаво па се одвикнав и ако не ми биде ниска перницата не можам да заспијам,затоа секогаш кај мене на наместен кревет одозгора има уште една перница и неа ја ставам одозгора на другата кога читам нешто. Читајќи го ова си потврдувам на себе дека сум богами многу комплицирана ,нека рече некој,не сме биле женските комплицирани.
Спијам во пижами. Пред спиење си ја средувам собата ( ), си зимам нешто лесно за јадење (обично овошје), мијам заби, си го чистам лицето, ако се осеќам дека треба да се истуширам се туширам , го соблекувам прслукот (и тука доаѓа она најубавото чувство), ја ставам мобилната протеза за заби, облекувам чисти гаќи и чорапи (да, спијам со чорапи хаха), се мачкам со Бекутан на лицето, па со мед на устата, пијам чаша вода, пуштам телевизор, го ставам мобилниот на сајлент, уклучувам аларм за сабајле, и 2-3 минути размислувам за се и сешто додека не заспијам.
И јас сум цел ден во пижами .. освен ако не сум излезена ... па пак прво ке облечам пижами ... после одам во вц ,мочкам,мијам заби и лице, им кажувам на моите добра ноќ, доаѓам во соба,го покривам папагалчето,на полица имам една икона обавезно си ја бацувам пред спиење ,ги затварам венецијанките(ако треба рано да станам не за да ми дојде светло),го чистам лицето со алкохол,ставам коректор на бубулките, легнувам со слушалки и мобилен,ги мачкам ноктите со маст,додека не впие слушам музика, после вадам слушалки се местам најудобно (ни јас на грб не можам ни па на стомак) ...една перница имам и под едната нога обавезно да си ја потпирам па си правам триста филмови во главата каде јас сум и режисер и главна улога и си заспивам. Сабајле станувам во разновидна позиција. Немирно спијам . Се вртам многу и така. И да и јас сега сфаќам дека всушност многу сме биле комлицирани.
Teddybear јас и ти исти ритуал тераме И јас сум обично цел ден во пижами освен ако не сум излезена така да неам потреба од облекување-соблекување.Прво пијам топла вода со лимон така ми препорача некој одамна да правам и ми стана навика,демек полесно се варела храната, а јас имам проблеми со желудникот и така незнам дали има фајде потоа ги ранам хрчакот немој да стане сабајле па да нема храна одам во wc,па си чистам лице со еден третман,помада не ставам имам мрсна кожа, ставам на рацете и петите крема, си мијам заби.Потоа се молам и ако треба рано да станам ги кревам ролетните сакам сонце,а ако си поспивам ги спуштам,читам обично некое време и легнувам никогаш со чорапи и секогаш со перница меѓу колената.Перницата ако ми е мека не можам да спијам мора да е најтврдата и најголемата што може,си праам некои филмчиња,план шо треба утре да направам да не забравам нешто и после
Ma јас ништо не облекувам, јас цел ден и онака си седам по пиџами Јас и баш немам некои да ги речам ритуали пред спиење. Онака кога е преку недела, ќе седам на компјутер до 11 - 11 и 30, ќе си го наместам ранецот ќе си уклучам ламба ( зашто неможам да спијам без светло, не дека ми е страв туку така сум навикната. ) и ќе го исклучам светлото. Ролетните имам обичај да си ги спуштам и онака негде накај 5, зашто веќе е стемнето и не ги спуштам пред спиење. А во петоците и саботите, кога не треба да станувам сабајле за во школо, истово го правам само што не седам до 11, си седам до покасно и кога веќе нема да можам да издржам, ќе си легнам и ќе си се стуткам под ќебенце и набрзо ќе си заспијам.
Ако веќе не сум во пижами, ги облекувам истите. Најчесто спијам во пижами. Е сега, ако ситуацијата е вонредна: 1. Ако е жешко: спијам по некоја ноќница или по гаќички и маичка 2. Ако сум труп пијана : легнувам како што сум дошла, само без обувките. Мијам лице, вадам шминка (освен во вонредната ситуација број 2), мијам запчиња, мочкам, менувам гаќички, слекувам прслук... Со чорапи ретко спијам, ако ми студи. Легнувам на стомак, затоа што само така можам да заспијам, ако имам радио во близина си пуштам Метрополис или Антена5, па си правам разноразни филмчиња и... Ќе заспијам кај и да е.
1. го местам креветот (ако не ми е наместен од мајка ми) 2.облекува пижами, летни или зимни дебели, облекува чорапчиња ако ми е ладно, боди обавезно! 3. мочкам, се мијам заби,лице, ставам тоник, крема 4. легнувам!!! и така секој ден
Пред да си легнам секогаш прво си го местам креветот,потоа си облекувам пижами,одам во wc,ги мијам забите и лицето,си ставам тоник и крема на лицето и спремна сум за спиење
Пред да си легнам прво облакам пижами...па идам у вц..мијам лице, заби....па ја симнувам шминката ( ако не ме мрзи мислам на римелот )....пуштам тв или пц...барам некој добар филм, емисија, серија или нешто ако има добро на тв ако не пуштам си филм на пц...пошо не можам да заспијам без тв и филм....гледам до кај гледам и си заспивам! Еее во вонредни случаи, прескокнувам со некои работи и правец кревет само на брзинка соблекувам тоа што сум била облечена ( т.е. го рсафрлувам низ соба )....обалакам пижами ако е зима а преко лето и по гаќички и маичка можам да си легнам...е да прслукот обавезно го откачувам уфф најубаво е, се ежам Пуштам тв како и секогаш и барам дали има нешто
Набрзина нешто ќе средам низ собата, го местам ранецот, па го местам креветот, се соблекувам (вадам се од мене освен гаќи и боди) и облекувам широка маица од мајка ми (не знам кога последен пат сум облекла вистински пижами, започнаа да ме нервираат), ја собирам косата во репче и ставам трака, речиси секогаш се туширам, но ако во моментот сум многу уморна или нема доволно топла вода мијам само нозе (тоа обавезно секогаш го правам), мочкам, ако сум била излезена пред тоа вадам шминка, ставам гел на лице, мијам лице, раце и заби, се мачкам со тоник за лице, на рацете и нозете ставам крема, пијам вода и витамин Ц, си ја местам перницата (која мора да биде средно тврда и висока) и легнувам. Е додека да заспијам едно сто пати ќе се свртам од една на друга страна, некогаш слушам музика на телефон, си правам милијарда филмови во главата, се смеам, се вртам на другата страна, се нервирам што веќе пола саат само се врткам лево-десно, а никако да заспијам... се терам да престанам да мислам, мислам на тоа да не мислам, ама во позадина мислам на некоја трета работа и некако ќе заспијам после долго мачење. Леле ама комплицирам..
aххахахаха, same here.^^ Али јас еднаш пробав да слушам музика и неможев никако да заспијам, ги извадив слушалките и си заспав. И ако не сум мртва уморна, тоа е најчесто во текот на неделата си правам разно разни филмчиња, си размислувам за разни проблеми и многу се загрижувам, си мислам што ќе се случи утре, што прави, кај е, како е, зашто го сакам, зашто не ме сака, зашо суум глупа и така натакаа. Абе, што да ви кажам На моменти кога не сум преморена посакувам летно време да си спијам по гаќички и маичка, ама неможам, пошто не сум сама, со моиве сум. -.- Ај можеби некој ден ќе си направам некои од вашиве навики пред спиење. Некако премногу сувопарно ми стана вака, секој ден исто па исто .
Деновите кога не сум по цеел ден во пижами кога ќе си дојдам касно вечерта од дискотека одам право во вц(се мијам лице заби и се средувам) одам во мојата соба се соблекувам и облекувам пижами и бап у кревет.