Најпрво ја расчистувам собата едно убаво (не можам да спијам ако нешто не ми штима и ми стрчи). Потоа облекувам пижамки (летни, дебели, танки... зависно од времето), вадам шминка со влажно марамче (освен ако не сум дрвосана ), одам во вц, таму се досредувам (мијам лице, заби...). Потоа одам до кујна, да ѕирнам онака манијачки во фрижидер, ваму, таму... може ќе си бендисам нешто да лапнам и обавезно пијам цеден сок од лимон пред легнување (топам дневни калории на крајот од денот , да, да... како не, не оти има врска, ама ајде ). Потоа се враќам во креветчето во собата, си легнувам под ќебенце, и пуштам некој филм (или на ТВ или на компјутер), значи мора нешто да ми работи во соба, не можам така да дремам во штама, макар и слушалки да ставам, не ми помага тоа, мора некој да зборува и да се бајдам како теле во некој филм па да заспијам . Е тука веќе, откако ќе си се средам целата ,тип топ, му ѕвонам на дечко ми да му посакам добра ноќ... . Прочачкувам на моб, правам дневна анализа и тоа е тоа. Го чекам моментот да заспијам и да, ептен немирно спијам. Едната нога мора да ми биде качена некаде. Па кога спиеме со дечко ми... кои нервози ги има јадниот тој... ама што да правам, ај он нека стои и спие, ете така сакам
Немам некој посебен и комплициран ритуал пред спиење, уште тоа ми фали кај пред вечерно излегување ми треба сат време да се спремам, уште и за легнување толку да губам нема шанси. Облекувам пижами, одам да мочкам инаку нема шанси да заспијам. Пијам чаша вода, мијам заби, бришам лице со влажно марамче и скокам в постела. Обавезно следува еден преглед на мобилниот телефон, ќе напишам некоја порака, и им се препуштам на фантазиите. Ах луѓе, многу убав дел ми е кога ќе си легнам да си размислувам за дешавките од денот, па да си додадам некое убаво делче, си правам филмови и гарантирам со блага насмевка на лицето заспивам!
Ништо посебно. Облекувам пижами, но по цели денови сум во нив така да ретко кога сум без пижами. Ја собирам косата во репче, пред тоа пијам вода или сок зависи дали сум жедна, мочкам, мијам заби, мијам лице, ставам крема, соблекувам чорапи, одам во мојата соба. Го тргам големото срце кое ми стои секогаш на креветот, си ги местам ќебето и јорганот, си ја ставам тука мојата подвижна масичка, бидејќи навечер ми паѓаат и ако не ми се спие почнувам да фантазирам, а ако ми се спие се вртам на една страна и готово сум заспала. Кога не ми се спие морам да се завртам на сите страни, кога ќе замижам па одма отварам очи. Страв ми е и одма проверам позади мене каква е ситуацијата, па можно е и да слушам музика и така да се успијам. Понекогаш ќе ми текне тогаш да повторувам лекции или пак да пишувам состави или да цртам нешто. Добро е што сум сама во соба.
Обично пижамките или розевите или плавите. Иии ако ми се и 2та пара за перење, си облекувам нешто што е комотно на мене. За спиење не се подготвувам долго. Ако ми работи телевизорот, го земам далечинското, го гасам светлото во мојата соба а го запалувам во ходникот(дека не спијам во потполен мрак) земам мобилниот и слушалките , се покривам топло, го земам најубавото меченце до мене, го гуууууушкам сииилно и или се загледувам во телевизор, или слушам песнички со пуштен Sleep Mode 10 минути за да само ми се исклучи ако заспијам.
Аха, и заборавив да додадам. Без мастурбација и не е баш убаво и лесно заспивањето. Значи после сето тоа што го пишав, следува една партија онака да се самоиспоштовам и после ко бебенце заспивам.
Облекувам пижами и обавезно чорапчиња(било да е лето или зима) ,си ја чистам шминката(обавезно после искачање дури и да сум прееемногу уморна и црвцната ) после си го мијам лицето со гел,ставам крема,лабело,мијам заби и обавезно уклучувам тв,си го навивам за 40 мин да се изгаси и....
Па нема некој посeбен ритуал Си ја чистам шминката,си мијам лице и заби,облекувам пижами и право во кревет
Кога сум дома обично си седам во пижами или во некои тренерчиња ама и тие ми служат како пижами, така да само пред да легнам мијам заби и лице, ставам крема на лице и кревет , а ако сум излезена колку и да ми се спие, морам да ја извадам шминката - МОРАМ! (Ако не ја извадам гадно ми е да легнам на чиста перничка ), после го мијам лицето со топла вода, мијам заби, нанесувам крема на лице и раце, облакам пижами ( а ако многу ми се спие, не глеам баш дали се превртени или се од правилната страна битно пижами се ), си легнувам и потонувам во сон.
Облекувам спавача,правам пилинг на лицето и го чистам темелно,мијам заби ја пуштам и ја чешлам косата и во кревет
В срце ме погоди темата ! Секогаш им доцнам на моите , во мојата , така јас сакам да си ја викам , зграда на пензионери , изумрени доодени души , доцна после дванаесет ако слушнете штикли јас сум Живеам на најгориот кат, значи по пат сите ги вознемирувам. Накезена го подмачкувам клучот со сјај за усни , за самиот ритуал на откучување да помине мазно и без звучно.Уште на врата ги соблекувам чевлите , ги земам во рака и да ме нема горе Ете го татко ми ме укорува , ме потсетува колку доцнам и ме опоменува по незнам кој пат дека не смее да се повтори Си влегувам во купатило , облекувам пиЖамки или ноќница , над нив тренерки , патиките во рака и го чекам да заспие. Рикверц метода , веќе сум надвор , му се јавувам на дечко ми , следното утро се будам кај него , со размачкана шминка и насмеана до уши Ни трага ни глас од мене. А има и такви подосадни денови кои ги користам да уЖивам во благодетите на самотијата , си седам ете вака до доцна навечер , ве читам вас.И кога ќе решам дека дошло време да престанам да ја игнорирам потребата за сон , се туширам , ги мијам забите и право во кревет.Тогаш ми е најслатко, посебно во зима , да си ја прегрнам перницата и да си го навлечам ќебенцето до гуша.Не ретко се случува и да заплачам.Преку ден многу ми се собира, плачка сум
Пред да си легнам, лицето го миам само со вода, никад не користам лосиони и креми, мијам заби, слагам Body Spray . И зима и лето спијам само по гаќички и маичка зашто дечко ми не може да трпи да имам пижами и на крај се успивам со добра книга. Колку и да сум уморна морам барем 1 страница да прочитам и после заспивам.
Мијам заби,го мијам лицето со глицерински сапун, го чистам со тоник Lea и ставам ноќен крем за лице Solutions од Avon за сува кожа. Си облекувам топли дебели пиџамчиња, и спремна сум за спиење. А да, заборавив да спомнам дека кога е студено спијам со чорапи, не можам без нив Во лето носам кратки пиџами, односно долниот дел се кратки панталонки, а горниот дел маичка на рамки. Сепак, некогаш ми се случува да си дојдам од излевање ептен изморена, па тогаш само облекувам пиџами и право во кревет Дури ни шминката не ја вадам
Обично по цели денови сум во нешто комотно и во тоа најчесто заспивам(ако ме мрзи да облечам пижами) Најчесто отварам врата од тераса за да ми се излуфтира и бегам во вц. Пред спиење го бришам лицето со влажни марамчиња, мијам заби, вадам леќи и се упатувам во соба. Ја затварам вратата од тераса, зошто во собата до тогаш ми е -15 степени. Палам тв, гасам пц и си легнувам. Тоа е тоа.
Секогаш легнувам со чисто лице, макар и да се вратам дома сабајле во 4 од излегување - нема шанси да легнам со шминка! Шминката ја вадам со влажни марамици Бекутан, а ако немам ставено шминка дента, маснотиите ги чистам со тоник. Мијам заби, ја фаќам косата во репче и облекувам пижами.
Паа, и јас ги имаам сличните ритуали како и повеќето од вас Најпрвин облекувам пиџамки, потоа пијам млекце или свежо исцеден портокал, мијам заби, чешлам коса и ја фаќам во реп.Легнувам слушам музика и читам нешто околу пола час и потоа заспивам
Хмммммммм, прво идам да каснам нешто, јаболко, портокал..Па во вц, мијам заби, раце, нозе. Па одам во соба, местам кревет, барам далечинско и телефон, ги местам под јастук, пуштам ТВ, гасам компјутерот и греалица, па ми текнува да одам во ВЦ, мочкам, мијам раце, чистам лице со лосион, се мачкам со крема против бубуЉици, гасам светло, скокам во кревет, со надеж дека нема да си ја удрам главата во плафон(зашто сум на поткровје, и е многу ниско.) се покривам па се откривам, гледам малце ТВ претежно некои емисии со животни, гасам ТВ, слушам една песна на телефон, мислам некои глупости, и некако, заспивам.. Секогаш спијам по хеланки, и маица. Секако не маицата што ја носам по дома. Пижами имам, ама само после бањање ги облекувам. Едит: Секогаш спијам со чорапи, зашто нозете ми се мраз. Ептен кога ми е многу топло, тогаш ги соблакам, и тоа со нозе, ги соблакам, и утредента ги наоѓам некаде низ ќебињата. Ако имам јастучиња кај нозете, обавезно се на земја утредента.
Прво местам кревет, мијам лице и заби,мачкам млеко за тело на нозе (мака со стрии ) и се бапкам во кревет со лап топ во скут.Косата ја плетам во лабаво плетенче, освен ако не сум пеглана па ја собирам во репче.Местам аларм на телефон,гасам тв. Обавезно во мегувреме се мести мачето до мене и се галиме додека заспијам.