Прво одам да каснам некое овошје или пијам млеко или сок, потоа го чистам лицето со влажни марамици, па ги мијам забите со обична паста па со природна паста за избелување на забите и доаѓа миењето на нозете, потоа им ставам хидратанта крема и облекувам термо чорапчиња кои кога влегувам под јорган ги држам на мене 2-3 минути и ги соблекувам. Никогаш не спијам со чорапи и за крај неколку страници од некоја интересна книга а ако сум многу уморна го скокам чинот со книгата
пред да легнам ја вадам сминката..обавезно влегувам да се искапам и дур сум во када ги мијам забите... се сусам и облекувам пижами... и многу ми е убаво кога ке си легнам во постела и кога ке се покријам така искапена топло ми е убаво се чувствувам
Се туширам,ја вадам шминката обавезно,никогаш до сега немам легнато со шминка Мијам заби,се мачкам со нокна крема,ставам крем околу очи.лабелце за устето,пижамки и во креветче..си пишуваме со порачиња за добра нок..гледам малце Тв и девојчето заспива
Процедури еден куп 1. Вадам шминка од лице 2. Мијам лице (или се туширам, зависи коа како сум уморна) 3. Мијам заби 4. Потоа ги чистам со забен конец 5. Правам 2 плетенки на страна со патец во средина ( имам прилично долга коса па ми пречи при спиење) 6. Кремче за лице ноќно 7. Кремче на лактите и стапалата 8. Облакам чорапчиња ( зиме лете со чорапи спијам, едноставно не можам без нив не ми пречи ни +40 температура надвор) 9. И на крај облакам пижами за сето тоа време собата ми се луфтира е секоја вечер едно исто, али што се мора мора се
Прво ке се истуширам па ке одам да се напијам чај или млекце. После тоа одам да си го измијам убаво лицето и забите па одам да си ги облечам пижамите, па да одлучам што ке носам наредниот ден (Иако наутро ја менувам одлуката ) и така ке си земам книга па едно саат време ке читам додека не ми се затворат сами очите
Јас си ја менувам процедурата понекогаш: Ама најчесто е оваа: - се бањам (ако не ме мрзе ) - се облекувам во пижами - мијам лице (обавезно) и заби - јадам (ова најчесто ми се случува, одкога сета ќе се средам да ми се прејаде) - си слушам музика - гледам некоја серија (или на телевизор или на компјутер) - си легнувам Сите пижами ми се куси и разнобојни. Зимо носам дебели, а лето носам мајчки или многу тенки пижами.
Најпрво ги облекувам пижамките, зависно од времето какво е. Одам во вц најпрво мочкам потоа мијам заби, чистам лице па го мијам. Се качувам во соба мачкам со некоја крема. Обично секоја вечер некако многу сум стрвна па и јас како Бројчето одам во фрижидер и гледам што има, но никогаш ништо не ми се бендисува па пијам една чаша кисело млекце и се враќам во соба. Легнувам во креветот, телевизорот секогаш ми е запален, лаптоп во скут, седам некое време додека не ми се приспие, потоа се гасам и заспивам
Па најчесто симнувам шминка, брз туш, миење заби, го чистам лицето со лосион и ставам крема, претежно се масирам со антицелулитен гел ( понекогаш и ме мрзи ), најчесто и стапалата ги мачкам и масирам со хидратантна крема бидејќи тоа многу ме опушта пред спиење, потоа облекувам пижами (прслук нема шанси), ако е зима најчесто и чорапи знам да облечам. Ставам лабело, ја фаќам косата во опавче земам слушалките и слушам музика додека не заспијам. Има и вонредни ситуации кога ќе се приберам дома во 5 сабајле после добро журкање Тогаш каква антицелулитна масажа, какво масирање на стапала Набрзина ќе го исчистам лицето со влажни марамчиња, ќе облечам пижами и легнувам..
Ништо посебно...Ако имам шминка прво ја вадам, ако немам не ја вадам ... После секако си измијам убаво нозе или се истуширам, ако сум миела само нозе си измијам убаво лице и заби, си стаам ласион, ако е лето мачкам тоа портив комарци што е, да не ме гризнат.. После си облакам пижамчиња и чисти чорапки..Ако е лето куси пижамки и куски чорапки, ако е зимо долги пижамки и високи чорапки... Ако немам чорапи неможам убаво да спијам.. После идам мочкам.. И си ја чешлам косата, ипосле во кревет..
Јас секогаш пред да си легнам си го чистам лицето најпрво го мијам значи со бекутан бебешки сапун па после со тоник па си ставам тенок слој кремче (или на нивеа или на солеа) си ги мијам забите значи тоа ми е како рутина пред легнување и после си облакам пижамчиња (ако е ладно некои подебелки а ако е топло боксерчиња и маиче)
ама сте сите примерни.....е јас не сум, освен што мијам заби редовно ....ја вадам чат пат шминката (ако е премногу )-што е реткост во последно време....а пижами облекувам .....всушност ми се облечени уште во 18часот кога си идам од работа......сега сватив дека сум била баш мрзла
лицето си го мијам со Dove,се мачкам со кремче,облекувам пижамчиња во кревет и си гледам телевизија додека не ми се соспие многу
-Мијам заби -Вадам шминка, ако немам, тогаш чистам лице -Ставам нокно кремче -Облекувам пижамки -Мијам нозе -Си легнувам во кревет, и ставам крема на раце (ако не заборавам) И
Се туширам, мијам заби, потоа ја чистам шминката, ако имам ставено, а ако не тогаш го мијам лицето. Се мачкам со крема, потоа одам во соба, облекувам пижамки и право во кревет.
во зимо не легнувам без едно убаво чајче, а во лето без лубеница. се туширам, мијам заби се мачкам со лосион за тело облекувам пижами уклучувам ТВ гледам ВХ1 или МТВ и така со нив сум веќе во длабок сон.
Прво си ги облекувам пижамите одам во купатило си го мијам забите со паста за избелување а потоа си го мијам лицето со бекутан сапун си ставам крем си ја отпуштам косата ако ми е собрана и легнувам
Ти од 6, а јас од 1, кога се враќам од школо. - Одам до вц.. се шо треба заби, таму... - Никогаш не ставам никаква крема на лице или раце, ни бекутан, и имам само една бубулица што ми излезе пред некој ден, и толку. - И дека сум облечена во пижами, нема мислење, право во кревет. (единствено кога има нешто добро на Тв)
Одам во вц, ако имам шминка ја вадам..па мијам лице заби, ако немам шминка само мијам лице и заби. Ако не се истуширам се случува само доле да се замијам(ама смешно ми звучи ова). Пижамки и кревет на спиење.