1. обавезно се туширам 2. мијам заби 3. си се мачкам со крем за лице, па кремче за рацете пошто имам сува кожа 4. си легнувам и гледам ТВ или читам книга (ама тоа поретко, уморна сум од спремање колоквиум, испити )
Облекувам пижами, мијам заби (понекогаш и го чистам лицето), соблекувам прслук (ако воопшто го имам на себе) и толку....си легнувам да спијам
Во лето, пред легнување најпрво пијам лимонада или сок од јагода/лубеница, а во зима чајче (најчесто од хибискус). Потоа ја отворам вратата од терасата за да се излувтира во собата додека сум во ве-це да мочкам . Шминка имам само во петок и викенди така да тогаш прво ја вадам шминката, потоа го мијам лицето со Dove сапунче за лице, мијам заби и одам во соба. Облекувам пижамки, а претходно ја затворам вратата за да не замрзнам . Облекувам чорапи..ни во лето неможам без нив. Мачкам раце со кремче, ставам лабело и правец в кревет. За спиење не ставам крем за лице.
Мијам лице, мијам заби, се мачкам со крема за лице, ставам лабело, ставам крема на раце и легнувам. Пижами не облекувам затоа што цел ден сум во нив. Тренерки за мене е парче облека што се носи до продавница, за дома се непознат поим, па искрено и пред гости. Затоа и гледам пижамите колку толку да ми потсеќаат на тренерки. Ми е гајле!
Миење лице , заби моЧкање облекување пижамки или по гакиЧки и правец кревет, лаптопот до мене и музика цела веЧер се додека трае батеријата Ете така
Се туширам,се мачкам со млеко за тело,ставам крем за лице,лабело,крем за околу очи,крем за раце облекувам пижами,палам ламба,земам книга и превец в кревет,читам околу 20 мин.и така заспивам.
Си го чистам лицето со лосион, мочкам, ја врзувам косата во висока пунџа, во лето се разладувам со вода на рацете и вратот, облекувам пижамчиња и си легнувам
Прво идам во веце ,мочам, мијам заби, вадам шминка(ако носам),па после си ставам крема, местам кревет, облекувам пижами и легнувам
Најчесто се туширам, мијам заби и лице, шлапам некоја крема,ја туткам косава во некоја пунѓа на темето на главава, облекувам гаќи и маица и правец кревет... Некогаш облакам и долни пижами али почесто си спијам по гаќи, поубаво ми е ...
Можеби веќе сум пишала, незнам веќе. Али пак ќе си кажам. Дека веќе сум предходно сум облечена секогаш во пижами, идам во вц, мијам заби, раце, и дека ми фуфка малце од темница, марш у кревет, паууу.
Си облекувам пиџами,мочкам,мијам лице,раце,заби Си наполнувам шишенце со вода за вечерта да не ми се пие Го отварам прозорецот 15 мин пред да си легнам да се излуфтира Си ја фаќам косата во репче бидејки ми е долга и многу ми е жешко вечерта Си мачкам на лицето крема Си го наместувам телевизорот да се исклучи за 15 мин и зјапам додека не заспијам или пак слушам музика И
Прво и основно, миење лице со гелови Чудби, па заби, си ставам крема на лицето оти не мозам да заспијам ако си го осекам суво. Облекувам удобни пизами обиЧно број поголеми. Намерно си ги купувам така, многу убаво си се осекам во големи пизами и легнувам да спијам.
Прво се туширам,па мијам заби,облакам пижамите и у креветт А често и спијам и само по гаќички,најубаво ми е така
Облекувам пижами, се мочкам, се мијам заби, го чистам лицето со млеко, ги соблекувам чорапите и си легнувам да спијам.
Интересно Истата постапка, со додатен топол туш пред тоа и масажа со бекутан масло (против целулит демек), пошто тој гелот ми се лепи за пижами и изгледам како да имам зелена кожа патем, бекутан рулз!