Секогаш го бришам лицето првин со влажни марамици, потоа го мијам со Dove сапун, мијам заби, облекувам пижами и легнувам
-Облекувам пижами -Мијам заби,лице,нозе -Го мачкам лицето ако имам потреба од крем. -Ако имам предходно ставено шминка обавезно е ваѓам,никогаш не би легнала со шминка,па колку и да ми се спие. -Ги мачкам рацете со крем за раце. И си легнувам. А и да косата обавезно ја собирам пред да си легнам,никогаш не спијам со пуштена коса.
Мијам заби, плетам плетенка и си легнувам по маичка на куси ракави,а долниот дел од пижамите го прескокнувам. Тешко се справувам со жешково.
-вадење на шминка -миење заби,лице -кремче обавезно на лице -ја чешлам косата -облекувам пижами и директно во кревет.
Облекувам пижами, мијам заби и лице, го чистам лицето со лосион, ставам крема против акни, ја чешлам косата (ако е многу топло ја врзувам) и си легнувам.
се облекувам пижами , се мијам на лицето , па ќе одам да се напијам млеко па ќе мијам заби, и ќе ставам крем на лицето и потоа ја врзувам косата зависи ако е топло и че легнувам..
па пред да легнам се истуширам,ги мијам забите,па ја чешлам косата и ја собирам во репч,потоа лицето го мачкам со нивеа кремата ставам лабело на усните облекувам некоја лесна мајца и кратки лесни шорцеви и си легнувам.
Вообичаено: Одам во WC, се мијам заби и лице, нанесувам крем и балсам за усни. Облекувам пижами, ако претходно ги немам облечено (вообичаено седам во пижами по дома), го исклучувам лаптопот, проверувам фејсбук и меил од мобилен (да не пропуштам нешто во тие 2-3 минути ). За крај, проверувам уште колку преостанати часови за спиење имам и конечно затворам очи и заспивам! Вонредни ситуации (после излегувања и луди ноќи ): Вадам шминка, мијам заби, облекувам пижами, и колапсирам на креветот. Без многу тинтрење и проверување фејсбуци (но секогаш проверувам дали телефонот е до мене)
Си правам чајче или млеко со какао, во меѓувреме облекувам пижамчиња , се мијам ( заби , лице , вадам шминка ако имам ) , ставам крема на лице , ако не заборавам и за раце , си легнувам и пуштам некоја серија или филмче на лап топов, и гледам дури го пијам чајчето / млекото ( некои 10 мин. ) после тоа моментално заспивам
Ја проветрувам собата,убаво го постилам креветот,ако имам време мачкам антицелулитна крема и млеко/масло за тело. Мијам заби,го чистам лицето и ставам крема на лицето и околу очите,ставам лабело. Некогаш ја собирам косата. И легнувам да спијам. Имам навика и да си приберам шише со вода до кревет,за да не станувам по вода ноќта.
Oблекувам пижами,ја собирам косата во високо репче ,ми смета многу,одам во вц(мијам лице,заби),ставам крем на лицето,ти реков ми рече таквите работи и оп-у креветац!