Тесна сукња-деловна,кошула и штикли.После некој џемпер и чизми,ќе направам некоја комбинација.Важно е добро да се помине,да се одбележи вечерта...
девојки сакам да прашам дали може да се носат сандали за дочек на нова година или ќе бидам една "будала" која нема стил за облекување...
Ни Нова Година веќе не е тоа што беше...мене лично,ама баш ништо не ми значи ај да не бидам офф,ке кажам дека сигурно нешто удобно ке биде,што и да носам...ке се собереме со друштво ке дочекаме (хаха) и ај на спиење...утредента ме чека учење!
Сиво фустанче, плетенко, одоздола боди на долги, плетено е сепак, се ќе се познава, дебели хулахопки, и како што гледам, чизми ќе носам, високи. И многу убав прстен, многу, и на косата изгледа венче со цветче. Ај ќе ставам слика после тоа. Најверојатно, ако не сум сеуште coward..
Љиљакови штикли, црни хеланки, црна долга маица , и љиљакови детали. Како долго ланче, алки мали наредени на рака искомбинирани со црни алки, и љиљакови дискретни менѓушки. За втората вечер, исто љиљакови штики, љиљакова туника, хеланки, и некое мало дискретно ланче , со големи љиљакови менѓушки
Едноставна комбинација ќе имам јас - Маслинести хеланки - Црна плетена туника (едноставна,но многу ми е слатка и ми прилега) - Црни ниски чизмички - Маслинест каиш - Црно палтенце ~ Прво ќе одиме со друштвото на плоштад а после во домашна атмосфера ќе си уживаме
Се предомислив што ќе носам. Е за инат ќе се дотерам. Црна сукња кратка, ама со висок стурк. Црна блуза. Хулахопки со дезен, уште не сум одлучила кои. Црни чизмички до глужд на огрмна штикла и црна плик ташничка. Накитот ќе зависи од хулахопките
Новогодишна облека Стварно иде нова година и јас имам дилема што да облечам..Незнам некое фустанче на прерамки нели би било срамота пошто зима сме сепак?! Горонаведените не се малку танки?
Новогодишна облека Годинава не сакам да носам фустан/здолниште, тоа е сигурно! Ама па креативецот во мене заспал и никако да се разбуди! Ми фали инспирација! Може да ми предложите некој аутфит што ќе биде погоден за Нова Година? Комбинација на панталони со маичка на пр.
Новогодишна облека Девојки ајде дајте некои идеи што да се носи за Нова Година. Сакам да е кратко фустанче. Ако има некој некаква идеа нека пише.