Едни срмки со таква светликава боја да светам ко елка, една зелена перика и влечки лајнарки. Spoiler Ќе се вратам пак во темава до 31 уште е рано од сега да знам што ќе носам
Моделот е тој, но има ланче(задно со него) и ги нема тие шарките, обично црно Spoiler Чипкани хулахопки Spoiler И чизма-штикла
Ако сум во домашна атмосвера би сакала фармерки и кошула а ако сум во ресторант или нешто слично би облекла некој фустан
Јас ќе славам во домашна атмосфера со друштвото, надвор од градот, така што не би се дотерувала многу! хеланчиња, чизмичиња и некое џемперче. Облеката и не ни е толку битна, битно убаво да се забавуваме!
Планирам нешто као ваков фустан со гол грб само појма неам кај има...така да ако некој од вас феминки знае...многу ќе ми помогне
Имам многу замисли но сепак нема да бидам многу кичеста не ми се допаѓа пренатрупаноста на некои девојки само оти е нова година и ајде ко за на свадба
Сакам да си сошијам фустанче, бидејќи таков модел каков што имам намислено не верувам дека ќе најдам некаде... Иако голема е веројатноста дома да бидам за Нова Година.
Ќе носам еден фустан што ми е само еднаш облечен , го купив за една свадба . За посвечени пригоди е , дури да фрлам пари за нов ете го . За фризура на фризер ќе одам оти не планирам да се нервирам 1 час пред тргнување дали да ја собирам или да ја пуштам , виткам и сл . E добро што ја видов темава инаку немаше дa ми текни за фризурава да си закажам на фризер оти после гужва ќе биди , и вие навреме закажете да не нема после термин...
И јас исто си купив фустанче за свадба и само еднаш го имам облечено, планирам да го облечам за нова година (ако одам некаде), но не знам како да го искомбинирам бидејќи е кратко... Ај ќе го сликам и ќе го ставам во темата за модни критики, па ако сакате да ми помогнете, повелете...
Нешто слично за да се вклопам во сиот тој кичерај за Нова Година On a second thought , најверојатно ќе одам со полесна варијанта односно некое едноставно фустанче само што сеуште не сум го нашла правиот модел.