И јас еднаш облечено, црно фустанче, купено за на свадба. Секако нема кај да го носам, посвечено е. Барем да го искористам за нешто. А се мислам и за едно друго, тиркизно, кое го немам облечено ниту еднаш, така си стои Ама повеќе сакам црното, па ќе видиме. А за фризури, не му ја мислам многу, ќе ја испеглам или извиткам косата, ќе си се нашминкам сама. И тоа е
Ако се оди според план, хеланки, ugg чизмите и дебел широк долг џемпер/туника. Прва удобна Нова Година...
Најверојатно нема да купувам нешто ново, имам 2-3 фустанчиња што многу ретко ги имам носено, а убави се за таа пригода, па зошто да ги оставам така. Едното фустанче е кратко и црно, класично, тоа најмногу ми се допаѓа, но ќе видам, има време. За фризурата, сигурно ќе одам на фризер, не сакам да се нервирам со косата, а барем сум сигурна дека на фризер ќе ме средат како што треба.
Појма немам каде ќе одам, најверојатно дома, по пижами и во длабок сон, мислам алелуја! А втора варијанта е да бидам со другарки куде мене, у домача атмосфера... тука најверојатно ќе опнам фармерка и џемпер, само плус ќе се нашминкам, пошо нели, нова година, јуху, фенси треба да бидеме сите!
Новите пижами со пингвинот Пабло. Си кажав лани, си кажувам и годинава ич неќам напумпана новогодишна еуфорија , а уште повеќе сум индиферентна кон тоа да мора да се носи нешто ново. Ги мразам новогодишните шопинзи и гужвите низ град во тој период и секогаш носам старо, неќам ново да купувам за тој ден. А па изборот да не зборам каков е светки светки светки црвено црвено оп кристалчиња. Налик кичесто, со примеси од бугарската естрада, а 70% од жените се исти, копи пасте.
Јас фала богу немам уште одлучено кај ќе одам,а бидејќи одлучувам 5 до 12 сигурно ќе биде нешто што ќе ми дојде до рака во кое што ќе се чуствувам пријатно(ако излезам негде),ако не и јас ко росонерка во пижамчиња .
Фармерки,кошула бела и фармерско елече во боја на фармерките,штикли, косата испеглана,шминка креон и маскара Spoiler ке си земам и пижами за во секој случај во стан ке сме несакам да бидам по фустан ... Штиклите мора да ги ставам
А партнерчево дотогаш ќе ми купи од оние убавине топлинки што ги има кај ескалаторите во Рамстор и Веро, по удобно и попрактично неможе да биде. У случај да ни дојдат некои надворешни гости ќе облечам хеланки и некоја подолга маичка, исто како и секојдневно што си носам.
Малку се изнасмеав,како уште едне месец однапред знете која комбинација ќе ја носите .Стварно чудно ми е. Мене такви НГ еуфории не ме зафаќаат,па и не се замарам што ќе облечам,нити знам каде ќе бидам,тоа во 5 за 12 ќе биде одлуката Ме потсетивте на основно и средно,каде уште во ноември знаевме каде ќе бидеме,и имавме список на тоа кои грицки и благо ќе ги купиме,па се идеше во Ск специјално по гардероба,мораше секоја нова година да се има нешто ново A сега искрено,не ми значи.Ко секој ден ми е,а и не ми се фрлаат пари за една вечер
Е зашто чудно, јас уште пред два три месеци си ја купив бањарката (виолетова плус со цветичи, постираната е бела зш таква само најдов на нет, ќе се сликам за нова година па можеби ќе споделам), се мислев за пижами ама кој ќе прави облечи соблечи цела вечер, вака само потег кај рамења и бањарката сама паѓа
За дочекот на Нова година, оваа година сум тотално неорганизирана.Не знам ни каде, ни со кого, ни како, а уште помалку што ќе облечам.Најверојатно тоа ќе биде некое интересно фустанче со нови штикли, ама ни едното, ни другото не сум ги купила уште
Па ако налетам на некое убаво парче ќе си го купам. Не мора да чекам пред НГ да купам. (Иначе јас сум во план да шијам, ама некако тешко ми оди наоѓањето материјали какви што сакам )
Планирам да си шијам најобично фустанче пошо сум многу пребирлива во врска со такви работи па знам дека нема да најдам ништо.
јас секоја година викам дека нема да славам хаха и 2 дена пред нова година и купувам и пак ке испадне некоја комбинација да славам со друштво, така се спонтано си доаѓа, 5 до 12
хахахаххаах Абеја ме иснасмеа,се мислев измеѓу пижама удобна е сега не знам дали памучна или фротирска ама од винцето сигурно топло ке ми биде па еве одлучив памучни ке се,.... и топлинки за по дома нормално,кај без нив.А како моден додаток па ке си ги носам очилата за пред телевизор,не гледам на далеку баш.Решеноооо.
Tрегери,калчинки,мушки хулахопки и кошула со ленти. И не планирам да се бричам до тоаш! :fuckyea: А да,и писмо со желби за Баба Мразица.