Не знам се уште. Планирам надвор од државава да бидам, па веројатно ќе облечам нешто од плакар. Фармерки, кошулче и штикли ми е најсигурна варијатна. Сепак не сум сигурна, се зависи од локацијата.
надвор од државата ќе бидам така да воопшто не се замарам сигурно нешто лежерно палнтолони со некое џемперче или некое тиролче...
Па ако најдам некое сиво фустанче со ролка или ракавите да паѓаат така лежерно, ќе носам тоа. Ако не нешто од плакар, ма да не верувам. Ми треба такво фустанче очајно, па и не баш конкретно за Нова Година. А и искрено ако биде како лани, боље да размислувам за вешот секси него ли за тоа врз вешот.
Девојки ајде малку помош.Се наближува Нова Година па нели треба да се размислува во што ќе се оди. Размислував подолго време и сакам фустанче отворено на грбот и да биде нешто слично како оваа. Што мислите? Да не е претерано светкаво? Не сакам да биде плава боја, може да биде црно или кремасто.
Немам појма кај ќе славам, АКО славам некаде. Си имам едно зимско фустанче, елегантно, кафеаво со кремаво, што не го имам облечено, па супер ќе ми се најдит. Иако верувам дека во домашна атмосфера ќе биднит или на плоштад. Повеќе сакам Василица да славам.
Пошто најверојатно ќе бидеме собрани дома негде или ќе одиме со уште еден пар во викендица на Маврово ,најверојатно ќе бидам облечена или во некој тренерки или во некој фармерчиња со некое џемперче
Јас би го носела фустанчето ама не би избрала да биде вака светкаво. Висока штикла, убав голем прстен, комбиниран со помалечки обетки. Толку...
Во фаза на изработка е. Само нема да биде со ваков материјал, обичен убав зачадено-зелен материјал. А, и ракавите ми се 3/4... И што е најинтересно, не знам кај ќе славам, може нема ни да ми треба, ама и да не го носам за "лудата" ноќ, ќе си го носам на искачанки
Уште немаме испланирано кај ќе ја чекаме Новата година Ако биде во некое кафуле - црн фустан со еден ракав ,тесен и секси со црни салонки ,аксесориз ..ќе размислам тогаш. Ако се собираме во куќа...темно зелени кратки панталонки , штосни хулахопчиња ,крем кошулка и темно зелен елек ,може и некое шеширче во мој стил , со кафеавки чизмички. Засега тој ми е планот.
Јас најверојатно ќе одам со мм и друштво во еден елитен ресторант, да не речам аристократски и размислувам за некое така поелегантно фустанче, гледав мноогу по нет има премногу модели но не знам за што да се одлучам Еве нешто во овој стил би сакала па ако енкоја знае од вас да ми помогне во изборот отприлика што би можела да носам
Јас би носела нешто вакво,а од накит бисери. Мене лично повеќе ми се допаѓаат ваков тип на фустани,а поготово за такви прилики.Не сум љубител на ѕвонести фустанчиња многу ми се како за девојчиња.Овие се ем елегантни,женствени и секси.Јас ти препорачувам некое вакво во комбинација со бисери или некој друг накит.
Планирав да барам нешто во овој стил ама премногу ми стана deja vu фустанчево, така да се откажав од идејата. Не се замарам премногу околу тоа што ќе носам, ќе купам тоа што ќе ми се допадне во моментот. На крај може и нешто старо да искомбинирам...Нова година, голема работа.