Додека за нова година ме части мама е тогаш бирај Обично не сакам да купувам по продавниците низ град зошто во секоја прованица исти модели ист избор и сите на Нова Година исто облечени , мразам некој кога има нешто како мојто.. Последните 2-3 години си зимам матријалче за ефтини пари и го носам да ми го шијат.Знам некогаш да претерам со мојте идеи за тоа како сакам да изгледа фустанчето и знам дека нема да го износам никогаш повеќе Spoiler (случај како минатогодиншното фустанче ) ама не жалам - за Н.Година не правам проблем па си бирам нешто поразлично и покомплицирано и знам дека ќе си бидам најубава и најразлична хехе Идеите си ги зимам од интернет си штракам си барам моделче дека којзнае што ќе славиме ама сакам да изгледам убаво зошто најчесто за време на новогодишната ноќ се гледам со сите блиски пријатели и пријателки.Оваа година решив нешто да земам од Jenny Humphrey од Gossip girl зошто носи убави младешки фустанчиња па си одбрав нешто што овојпат СЕ НАДЕВАМ дека ќе го износам оти се рачунат многу свадби и поважни настани годинава http://data.whicdn.com/images/17511466/ ... _large.jpg Обично а сепак ми е ногу слатко па сега ќе видиме што како ќе испадне
Фармерки со висок струк, кошула и салонки. Изгледа ќе бидам една од ретките кои нема да носат фустанче.
Плетена туника,хеланки и чизми изгледа само јас не купувам фустанчиња ( или ново за нова година не дека нее и ова ново ама е еднаш носено )
Девојки јас би ве прашала за мислење. Бремена сум скоро 16недели и стомачето почна да ми се познава. Не сум многу поправена 2,5кг и ми е срам да носам некое фустанче бидејќи ќе ми се отцртува стомакот. А имам бендисано едно преубаво црно фустанче, со еден долг ракав, кратко и струкирано. Дали според вас би изгледало невкусно да го носам со оглед на тоа што стомакот ке ми биде оцртан? Да напоменам материјалот е растеглив.
Па што ако ти се оцртува, не е срамно што си бремена Мене ми се многу убави трудници во тесно, најискрено. Не значи сега 9 месеци да шеташ во широко и само широко. Плус е црна боја. Слободно носи си го
Зошто срамота? Јас им се дивам на таквите трудници. Ти сигурно нема да го искомбинираш и да изгледаш ефтино. Да си го носиш и да се гордееш со стомачето. Инаку јас најверојатно ако не се смени пак планот, бела кошула и хулахопки, тиква боја сукња и кафени чизми, ташна и каиш.
Ме охрабривте девојки, ама искрено мене ке ми биде срам. Ајде ке го пробам и ако успеам ке се сликнам ке ставам слика. Инаку, ако го носам тоа фустанче ке го комбинирам со црни салонки и плик ташничка во некоја друга боја. Долги обетки и бележица во иста боја со ташничката.
Па после толку многу двоумење и пробување 300 комбинации се решив гола да ја дочекам новата година, секако ќе се шминкам кај Владо Георгиев, а фризурата ќе ми биде најобична пуштена и бушава
Некоја веќе испробана комбинација. Нешто во кое што ќе ми биде пријатно и удобно, а сепак ќе бидам скоцкана. Чизми на штикла секако, а другото е релативно . Не славам на место каде што ќе има гужва, така да нема потреба од л’скачки елементи за препознатливост во гужва хахаха
Конкретно за 31ви вечерта, мислам дека нема да имам потреба од нешто посебно за спремање, зошто и не планираме нешто специјално, но за 1ви вечерта , фустанче , штикли, болеро и палто, да не смрзнам Сепак нема да купувам зошто имам многу фустани кои се или еднаш или нитуеднаш облечени, па да им дојде редот
Првата вечер фармерчиња и блузичка некоја, а втората тренерчиња и папучки. Пошо ке биделе кај другарка собрани дома, ич не се замарам. Мислам така ми е планот, па како ќе испадне незнам
Јас ќе го носам на сестра ми фустанчето за матура. Мама му стави ластиче позади и сега ми се фаќа. Воопшто не е наџунџурено, а е облечено се’ на се‘ 2 пати. И не ми е срам да го носам. Колку многу трошоци има и за Нова Година и за Божиќ, па и ново да купувам, нема шанси. Надоле ќе носам чизми на штикла, ама не се високи, до глуждот се. Вакво е фустанчето, формата му е ваква, без тие прерамките Не е толку кратко.
Ке бидеме во домашна атмосвера, 2 пара, и некако незнам што да облечам, т.е. имам дилема меѓу 3 варијанти. 1.Варијанта е да носам црна кошула (мене ми е омилена, со убавоо и пристојно деколте) а врз неа топ фустанче во маслинова боја, варира до нијанса на кафенко (се зависи на кој како му перцепира окото ) со пристојна должина до над колена, на средина црна лента, црни дебелки хулахопки на пенти и чизми црни (мада не е толку битно). 2.Варијанта новата сукња која ми е поклон до мачето мое за нова година, од ЕвроАзија црна со 2 реда паралелни копчиња исто пристојан должина, над колена, ке дојде така малку со висок струк, и сега тука ми се дилемите.....вааа што одозгораа, штоооооооооооооо???? кошулка, маичка, блузичка... :/ Доле исто хулахопки, може месо боја, или кафени,,црни.. 3.Варијанта е црни фармерки, сега во ТераНова се 999, црната кошула од Варијанта1. и џемперче во крем боја. Дилемите ми се бидејки планираме и да одиме и во кафич...е сега дали после 12, пред..не ни е дефинирано сеуште. Девојчиња..........HELPPPPPPPPPPPPPPPPPPPPP
Не би рекла дека си од ретките и јас исто така го имам замислено тоа што го имаш напишано ти ,ама се по се изгледа дека дома ке си седам со книгата ми ги закажаа испитете одма првиот и вториот раб ден така да нема мрдање