Хеланки, туника (се мислм помеѓу две-едната е целата сива, а другата црно-црвена), на нозе ќе бидам боса или евентуално во домашна папуча пошто ќе си ја дочекаме Новата Година во домашна атмосфера со моите најблиски. Косата ќе ја исфенирам или ќе си направам локни со фигаро уште не сум се одлучила, а ќе се нашминкам сама. Никогаш нешто посебно не сум купувала за ниту еден дочек, секогаш сум носела нешто што ми се наоѓа по дома или мое или од сестра ми (носевме исто бројче и си се менувавме....сега јас сум покрупна и нејзините работи ми се тесни ), може само накит сум купувала колку да ја подновам веќе испробаната, носена и веч виџена комбинација.
врска немам...ние сме од тие типови што уште не знаеме кај ќе ја чекаме..... ...битно знаеме неколку пара луди сме собрани е сега каде појма немам...му викам на отворено тука во двор ...не се согласуваат ....а и што ќе носам појма немам....битно нешто да ми биде удобно...може тесно плетено фустанче со песочна боја и исти такви штиклички а може и плетено фустанче црно со гол грб.....само треба да си земам некои црни штикли бидејќи кај мене црната боја ја нема во плахар воопшто па може да се смени малку...и така
Тесно плетено фустанче, со сечена јака.До надлактицата е натресено, а потоа на подлактицата доаѓа тесно.Има тенок колан на половината.Сиви дезејнирани хулахопки и црни чизмички.
Ова ќе го носам на Нова Година. Денес си го купив. Само црно е моето. И без крзново. BTW не го сликав јас, туку сликава е од бутикот кај што го купив. ЕДИТ: Ќе носам и темно кремави-беж боја салонки и такво џемперче над фустанчево, ама џемперчето секако нема да го носам цело време. Црн поголем плик ќе носам. Бисерчето (црно)-како на сликава што е сребреното, само поинаку извртено околу вратот и исти такви малечки обетчиња.
Црно тесно фустанче, сиво сако и тиркизни хулахопки. Надополнето со тиркизен лак за нокти и црни високи чизми! Се носам што имам, не си купувам ништо ново.
Ќе носам вакво фустанче(чекам да ми го сошијат), само што нема да е сатенски материјал туку друг, не знам како се вика и горниот дел е кремаст(како бојата на сликата), а долниот ќе е црна боја. Сега се двоумам дали долниот дел да е како на сликата или тесен да е со странични џебови. Што мислите како поубаво ќе изгледа? А ќе носам вакви кондури само не лаковани туку обрната кожа и малку потемна боја од овие. Нема со што да ги сликам. И ќе носам некое ланче уште не можам да се одлучам кое да го купам. И плико ташна, најверојатно ќе биде како бојата на кондурите.
Се уште не знам точно, но со оглед на тоа дека ќе славам во домашен амбиент ќе носам нешто помалку свечено, може некое обично фустанче, сукниче, ќе видам што и како.
Јејјј, и јас во 5 до 12 си купив нешто. Не најдов слика, а и не можам да го постирам, али се работи за розева тесна туника која ќе ја носам со црни хеланки и црни угг џизми. Затоа што е отворена горе ќе го ставам розевиот шал и ете ме мене во барби издание.
Оспадна како што испланирав. Кафени фармерки си купив, и нагоде кошула што има некој дел иста боја и нијансак како фармерките, има еден дел сиво тоа ми е ептен исто како со шизмите и одпозади е тегет боја
Си купив едно кафено фустанче си интересни шари по него(многу едноставно, ич не е новогодишно, ама така сакав, поедноставно да биде), кафени хулахопки, чизмички и тоа
За дочекот на Нова Година планирав да купам нешто.Но бидејќи не најдов ништо што ми се допаѓаше решив да експериментирам со старите алишта.Ќе направам комбинација каква што не сум направила до сега а ќе ги искористам сите модни парчиња за да направам нешто ново.Се надевам дека ќе ми успее..
Си купив и јас фустанче. Детска радост! Тесничко е, црно со убава сина боја. На нозе уште се мислам, ќе си купам штиклички за сигурно и тоа. Нокти,трепки, светкава шминка и шљокици? Ноу тенкс.
Еве мене баба ми шие фустанче скроз обично,бордо боја и ме испокасапи сега со оноа иглине уште кај не ми влегоа А на нозите црни чизмички до глужд,10цм високи
Црвено фустанче така поедноставно е понесвечено за да си го носам и после Нова година и плус мн евтино го купив 1 000 денари на нозе кратки чизмични црни