Помина времето кога се преоптеретував што ќе облечам и дека мора ново. Море за една нова година знам дека си шиев и сукна, море детиште. ќе облечам нешто што го имам, само ќе си направам некоја нова комбинација и готово. Немам испланирано што да облечам има време уште 3 дена
јас си шијам фустанче надевам се дека ке испадне како што очекувам иако не се толку оптеретувам ..кремасто ке биде црни штикли и црна ташна
Црна ќеса за ѓубре, си напраив дупка за да ја протнам главата низ неа и две странично за рацете, ќе ставам каивче некое фенси шо значи ќесава ќе има улога на фустанче, одоздола црвен долен веш - нормално по могуќност да се гледа за да привлечам пажња, и една саксија пластична најдов, неискористена, па ќе ја врзам со тенко проѕирно ластиче да ми стои на глава ко шеширче. Онака странично ко оние братучетките на Кејт има да бидам На нозете чизми од црн латекс на платформа. Пау! Ако дојде Лејди Гага, ќе им кажам на избацивачите да не ја пуштаат. Сакам и јас да блеснам во најлудата ноќ од годината па! Аутфитов го подготвувам две години. Јас се така унапред си спремам. 31 декември ми е омилен ден во годината. И секој дочек на Новата година го чекам со срце и душа - ма да не претерам, 3 години. Срцебиење ау!
Jas ke nosam crveno fustance crni stikli i crna canta. Crno krzneno palto i bezbojni holahopki crven nakit
Тадааааааааам Епа вака...ќе носам гаќи хахаха не не сеа озбилно ќе носам бела рамбовка со ваква сукничка само кафеава со чорапчиња високи со машничка од страна и кафејни чизми. Тадааааааааам
Штикли у старт Не! Е сеа имам две комбинации фустанче што си го купив денес хулахопки дизајнирани и црни чизмички, накит неам поима си купив прстенче али ми треба ланче и втората комбинација истите дизајнирани хулахопки, бели шорцеви (ги имам ставено во друга тема), некоја кошулка и црни чизми. Ќе видиме има време А за фризура ќе гледам на јутуб нешто интересно шминка: малце пудра, сијај, римел, туш и сива сенка Ма да не се замарам многу, ко којзнае што да е
Имам една црна сукња со циркони е целата и блуза треба да си земам некоја.. за на нозе се мислам дали штикли или чизми да носам
Дали има некој што ќе носи панталони ? или само јас сум? Почнувам да се предомислувам, ако не па и јас ќе си купам фустанче
Бидејќи нема да одам на посебно место за Нова Година, ќе се облечам по класично. Нема да носам ни фустан, ни сукња. Ќе носам темна боја на фармерки и кошула.
благодарение на Фемина ќе носам еден од нејзините комбинации ЦРНО-БЕЛА ИНСПИРАЦИЈА ОД МАШКИОТ СТИЛ ...секако ми треба нешто покомотно да назначам обавезно носам сако