Фустани за Нова Година Christina.A, зарем не се премногу свечени фустаниве за Нова Година.. Долги и светкави, м?
Фустани за Нова Година Каков накит да ставам? Да носам ѓердан или пак само некои подолгички обетки и впечатливо прстенче?
Фустани за Нова Година Па незнам,сакам да биде долг ама нема да биде онаков светкав во никој случај,само м и се допаѓаат моделите.
Фустани за Нова Година Кристинче, јас мислам дека премногу свечени ти се фустаниве. Моделиве се убави, ама јас не би носела долги фустани за Нова Година. Впрочем, сега ми е срам да кажам, ама јас баш денеска си размислував дали да си купам кратки пантолончиња со висок струк за вечерта..
Фустани за Нова Година Поголема глупост од тоа да се шие толку свечен фустан за Нова Година, нема. Овој ми е пресвечен и за Матура не пак за Нова Година. Шиј си нешто поедноставно, да си го износиш.
Фустани за Нова Година Овие фустани за Нова година??? Ако одиш на Виенски бал ок Ама за Нова година, па и уште ако ја прославуваш во дискотека или кафич, со ваков фустан ќе бидеш смешна. Најдобронамерен совет
Фустани за Нова Година Па,ресторан. Незнам,и јас си мислев да не биде премногу свечено дека долг,ама ете ме смава некој таков филм. Знам дека сите ќе ме гледаат чудно доколку бидам во таков некој,ама важно нема да се повторувам со сите со оние фустанине со фалта. И ме предомисливте сеа,се мислам што да правам.
Фустани за Нова Година Исрекно јас ваков не би ставила на матура па не на Нова година... Како модели се убави ама поводов некако...
Фустани за Нова Година Јас не би носела нешто вакво. Но, нели секој со различен вкус. Сакам тоа што ќе го носам да ми е пријатно и да уживам во него. А уживам во поедноставни работи.
Фустани за Нова Година Фустаниве се преубави. За тоа нема збор. Знам дека сакаш нешто посвечено, еве мерак ти е долг фустан, и тоа е во ред. Но шиењето на ваков модел, од вакви материјали, бара време и ќе те чини многу. Плус, кога се прави нешто волку елегантно бара и такво место и таква пригода, а веројатно ќе го облечеш еднаш. Од искуство ти кажувам да си одбереш фустан кој ќе биде помалку нападен и кој ќе можеш да си го носиш и на други пригоди. Бидејќи мерак имаш за долг, зошто не побараш вакво моделче, мислам дека е соодветно.
Фустани за Нова Година Благодарам девојки.После току негативни одговори исрено да ви кажам ме премисливте Можеби ќе сошијам некој пократок од напред а од назад малку подолг баш како што предложи старфиш. Да видам да пребарам во сликиве со фустани бидејќи имам симнато премногу. Ќе пратам слики пак да чујам мислење и да се одлучам. Секогаш сакам да се консултирам.
Новогодишна облека Девојки каде да најдам кратко,тесно фустанче како туника за Нова година по можност розево да биде и не многу скапо,зашто за Нова година не ми се фрлаат многу пари..
Девојки се ближи Новата 2013 год како ќе се облечете? Еве вака, размислувам што да носам.. ќе славам со друштво имам 15 години па размислувам дали да носам нешто по тесно за повозрасни т.е сукња со висок струк и едно борда кошула секако и штикли? што мислите вие?
Девојки се ближи Новата 2013 год како ќе се облечете? Исто имав во план да носам сукња со висок струк и сива ролка врз неа со болеро на куси ракави,а на нозете ќе носам чизма-штикла (сива боја) од ние пониските.