Новогодишна облека И јас не знам кај ке одам за НГ ама да ви кажам и бутициве со избор на фустани се катастрофа. Има стварно некои убави модели со убава боја ама се прескапи за една таква вечер. А и сегде во секој бутик истото, само што многууу им фали да донесат фустани во повеќе бои, значи мислам ВО БОЈА а не се црно, црно па црно. Пробав едно фустанче денес што ми остави впечаток и уште се мислам дали да го земам. Имам 2 слики ама не ми дозволува да ја ставам едната кај што е цел фустанот. Стои прилепен за телото, ракавите се како 3/4 мрежести некако како овој предниот дел над градите.
Новогодишна облека Убав е фустанот многу ,го замислувам во целина иста, мене баш ми е допаѓа , не сакам фустан со светки триста чуда , земи си го не се мисли ке си го износиш ем после и побрзај да не ти го земат , додека се мислиш А и да стварно нема некој избор , тоа што ке ми се допадне на модел нема боја убава или обратно
Новогодишна облека Не се замарам толку многу со облека за нова година.Тоа што ќе ми се допадне прво, тоа си го земам. Годинава ќе славам во ресторан,со друштво. И сега се мислам помеѓу две фустанчиња кое да го носам имам нешто слично на ова само што е црно и малку од позади има чипка,значи мал дел.И имам едно вакво . И двете ми се убави неможам да се одлучам за кое.
Новогодишна облека Мене ми треба помош, не знам за што да се одлучам. Ваква суќња само што на пред оној дел е отворен и има патент и се гледа суќњичката а назад е долгиот дел.Не можам да најдам таква слика, мислам дека убаво објаснив. И нагоре со некој корсет и многу наќит. Или ваква суќња само црна и моделот не е баш таков, но таква е светкава, со кошула или корсет и наќит. Што мислите?
Новогодишна облека Ми се допаѓа првата идеа барем како што те сватив, но втората е можеби по новогодишна Поради тенкиот материјал - ми дава асоцијација на есен за нова година го планираш нели???
Новогодишна облека Овие првите некако мене ми се многу тенки и да речам полетни. Сега е зимно време, ако е Нова Година не значи дека треба да се рассоблечеме ко да е сред лето. Додека пак оваа втората мене позимски ми изгледа. Јас би ти ја препорачала втората, и како што кажа или со корсетче накит и палтенце или пак со кошулка.
Новогодишна облека ^ Да за Нова Година ми е, но таа суќња што сакам да ја носам не е тенка. Замислете си обична црна суќња со висок струк и со патент на средината од дебел материјал(не како овој на сликата) и одпозади само такво црно долго парче.
Новогодишна облека би носеле ли вакво нешто за нова година во домашна атмосфера вакви хеланки со туника малце подолга барем да е под Spoiler задникот
Новогодишна облека Ако е во домашна атмосвера зошто да не , мада мене не ми се допаѓаат ама баш ич овие ваквите дезени незнам ни јас зошто но тоа е до вкусот
Новогодишна облека Да зошто да не поготово ако сте во ептен лабава атмосфера без многу напињање и свечености.Ваквиве хеланки чак ми се многу поновогодишни отколку било која кичеста хаљина
Новогодишна облека Тогаш можеш и првата, убави ми се и тие симетрични модели. Најдобро пробај се во двете варијанти, па која повеќе ќе ти фати око, така облечи се.
Новогодишна облека Јас гласам за 2 то многу ми е поубаво ,првото е едноставно и многу голо а ова второто ми е сон
Новогодишна облека И јас гласам за второто поестетски и погалантно ми изгледа. Баш како за Нова Година.
Новогодишна облека Планирам да си купам вакво фустанче за дочекот на новата година. Ќе го носам со крем штикли и најверојатно крем обетки и алка. Ќе бидеме во стан, со друштво. Дали мислите дека е пресвечено за во стан?
Новогодишна облека Лелеее јас баш си зедов исто фустанче како второто само со поголемо деколте Ептен си го сакам и преубаво ми стои. Го купив од првата продавница каде што отидов да купувам и тоа прво ми се допадна и ведна си го зедов, не се ни мислев. И си зедов едни црни чизми-чевли-штикли, хаха, не знам како да ги дефинирам. Вакви слични, само што немаат врвци туку ситни златни додатоци. http://weheartit.com/entry/11377150/via/karinnek Spoiler Не знам зошто не сакаше да се покаже сликата и затоа го ставив како линк И сега уште некое плик-чантиче ми преостанува да си купам и тоа би било тоа.
Новогодишна облека Ова е мојата новогодишна облека за оваа година А не знам зошто треба да се разликува облеката од онаа за стандард излегување само со додаток, нормално, дедо мразовско капче
Нова Година можете ли да ми дадете идеја какво фустанче би можела да носам на нова година? не би сакала да изгледам како 20 годишна бидејќи сум 15 год .. слаба сум и висока
Новогодишна облека Се мислам што да носам за Нова, т.е веќе имам осмислено комбинација ама некако се ми е црно, па се двоумам. Планирам да носам црна свилена кошула, не свилена де, оној материјалот ко свила што се лизга низ прсти ај ме свативте веројатно. Од напред е пократка, а отпозади подолга, на горниот дел има чипка и отпозади до пола грб има копченца. Ќе носам од оние кратки тесни сукњи (не многу кратка!) ,со дискретни црни шљокици, и се мислам за или црно-кафени штикли или црни со сребрено, ама не сум ги видела уште, на мајка ми се она ми ги објаснуваше какви се, зашто јас не носам. За одозгора планирам да носам една кратка струкирана јакна, на неа има црно, бело, сиво и сребрено, или една кратка црна бундичка со сребрено копченце најгоре и интересни дезенирани црни хулахопки. Е сега од накит незнам, зависи од штиклите ама планирам да носам некое златно или сребрено масовно ланче, со дрангулии некои на него и диксретни обетчиња, а можеби и прстен. Сукњата е нешто во овој стил, ама како што реков со ситни шљокици,ама кога ќе ја најдам ќе ја сликам па ќе ви ја постирам. Кошулата е од ваков тип, само што мојава не е прозирна и има три-четврти ракави,и другите детали што ги кажав. Јакната што сакам да ја носам е истиов модел, ама изгледа малку поинаков материјал и тие бои што ги кажав. http://www.hm.com/hu/product/06758?article=06758-C Сега ве прашувам дали ми е добра комбинацијава, да ми предложите нешто, што да додадам, да одземам?
Новогодишна облека Ми се допаѓа многу комбнацијава , би одбраа црни штикли со сребрени боцки и некое сребрено ланче , многу ми е шик да си ја носиш