Црни панталони, темно зелена кошула, црно сако и црни кондурчиња. Кошулата ми е проѕирна, па би сакала да побарам совет од вас, дали да облечам нешто под кошула или не?
Бидејќи оваа НГ ќе ја славам во семејна атмосфера...дента ќе ја поминам во кујна и спремање. Вечерта ќе изберам преку еци пеци пец ќе видам што ќе облечам.
Јас си купив црно тесно фустанче најобично, до над колена е и кремови салонки. И плус бисери бели со црни (сама ги правам уште не се готови), а на фустанчево напред има чипка црна на материјалот и не се познава толку многу оти и долниот материјал е црн. Само незнам каква чанта да носам со комбинацијава, некој предлог ве молам сакав да биде некоја трета боја да ја развесели комбинацијата.
Циклама штикли 12ка , сребрено/златен корсет со циклама чипка и најверојатно фармерици измеѓу... тој дел не е решен се уште.... ќе ме биде... а косата ќе ми е пуштена пеглана...или скроз или венче плетенка...за тоа потоа
Црно - бел (ацтеки принт) краток тесен фустан со црни чизмички до глужд (имаат и врвки и патент) и некакви хулахопки, какви да одберам? Мора еднобојни затоа што фустанот е доста шарен
Не сакам светкави работи, наџиџани фустани со смешни цени по 3000 ден, кои личат на повраќаница на Кеша. Се мислев дали ке личам на нормално девојче, ако се облечам вака: Што мислите?
Некако не ми се допаѓа маичката,не ми иде со сукњата.Подобро облечи некоја поедноставна,во една боја,без тие принтови. Можеш да си одбереш било каква боја бидејќи сукњата ти е црна.
Јас ќе носам едни обични фармерки со бела кошулка може и црн џемпер одозгора, не од оние на закопчање туку обичен како блуза, а фармерките имаат од оние прерамките за на раминња да се стават и од позади има една прерамка која се дели на две и однапред исто така се прикачува на фармерките ( ама ви објаснив, се надевам сфативте) како Y е одпозади. И едни убави мечавки чизмички, е сега оти имам и една сукња се мислам дали неа да ја облечам или фармеркиве, оти ќе бидеме неколку дргарки и нема кој толку многу да ме гледа... :/ оти мислам дека со фамеркиве по комотно ќе ми биде а и сите ќе бидеме на фармерки, што мислите вие??
Фустанче вакво само црно,црни ниски чизми до колена,црн џемпер и сив или тиркизен накит (алки,обетки и ланче).