Бордо кошула со златесто на ракавите и позади и кожни црни хеланки ама идат како панталони и се мислам уште на нозете дали ке идам со кратки црни чизмички или со црни салонки.
Бидејќи ќе сум во домашна атмосфера, најверојатно обични тегет панталони и крем џемперче. Чизми до глужд за до таму, а после папучи на нога
Бидејки ке сум во домашна атмосфера,воопшто не ми е важно што ке облечам.Најверојатно црно фустанче со златни детали.Но сепак утре ке решам
Фустанче црно, тесно (уз тело) и црни салонки кои баш денеска си ги купив и цел ден сум во нив за да ги разгазам.
Краток сребрен светкав фустан, црни штиклички со дискретни светки, црн светкав плик. Еднаш е нова година! (освен што е секоја година ) Никогаш не сум светкала за Нова Година, всушност многу ретко носам светкави работи, ама ете годинава ми се присака да светкам. Кад је бал, нек је маскембал! Feel free to judge me
Јас се одлучив. Ќе носам кратки панталони (како шорц), кожни се и во кафена боја, со висок струк и кошулче едно само малце потемна боја со прилично длабоко деколте. За промена нема да носам штикли, ќе носам ниски (без штикла) чизми (инаку во должина се високи). Сепак ми се допаѓа и вака и згледа многу шик и интересно.
Имам од летото купено едно фустанче од Хепенинг (црно до колена и на градите чипкано),црни тенки хулахопки,високи штикли и со малку накит на себе.Косата во локни ... Шминката не мн.јака
Не сакав шљокици се до денес,кога се заљубив во фустанчето што си го купив. Црно е,целото со шљокици ама дискретни и ситни и прекрасен сјај има. Со гол грб. И црни штикли.
Јас радо би ја дочекала 2013 во пижами, ама моите ме тераат да се дотерам И така, најверојатно кошула и фармерки, на нозе црни штикли. Шала, папучки за по дома.
Како погоди дека тие ги носев? хахаха Spoiler Инаку се мислев цело време и во последен момент сестра ми ми помогна да одлучам