Хахахах па што знам мислам дека таа комбинација е боље.Супер што си ја послушала сестра ти . Spoiler Слушај и мене по малку
Јас планирам да носам фармерки и маичка и многу убава капутчето ново чизмите и така косата можеби ќе ја извиткам незнам дали ке изгледам убаво како би изгледало за 13 годишно момиче ?
Убаво би изгледало, но сепак е нова година можеш да облечеш кошулче наместо маичка или пак некое фустанче како за на твои години. Инаку јас ќе носам фустанче, само уште немам одлучено какво.
кожни црни хеланки со црна кошула (малку подолга има на неа како сиви нитни) , крем чизми и јакна.Мислам добро е со оглед што ќе сме заедно друштво во домашна атмосфера
DelRey одлична ти е комбинацијата , фустанчево од симона да не го зема ? и колку чини ако може да ми кажеш ?
Црно фустанче уз тело со бела наметка и кожа боја хулахопки е сеа сакав да прашам нешто. Си купив нааааајубави штиклички напред се затворени али се обични сакам да кажам не се чизми , а една колешка ми кажа дека е ладно за штикли срамота би било. Дали ќе носи некој друг обични штикли т.е. кондури или да трчам чизми да купувам???
^ баш напротив, салонките ми се многу поелегантни од чизми. Јас салонките си ги носам во секое годишно време, каква срамота нема врска тоа, не се тоа сандали... Мене ми се безвезе чизми со отворен прст, е такви чевли кажи ми каде ли ги носат... Јас имам црвено кратко чипкано фустанче што сум го носела само два пати до сега, со црвени високи салонки. Не баш џиш црвено, и мислам дека ми е таман новогодишно. Најверојатно ќе бидам по дома оваа Нова Година, ама ова ми е некоја резерва ако испадне некој план во последен момент.
Јас едноставно, за кај другарка.. фармерки,џемперче,ниски чизмички, марама некоја, капутче, косата пунџа и така..
Јас уште ништо немам планирано, мислев фармерки и кошула, опуштено и онака ќе сме дома ама ќе видиме има време
Бидејќи годинава првпат славам дома најверојатно ќе носам едни хеланки, црно боди и блузичка што одговара многу убаво или нешто слично
Кожна сукња црна, до над колена со висок струк, и жолт краток како џемпер дуксер не можам да го најдам на страната на H&M, и получизмички со златно каифче позади така нешто, исто од H&M