Старите пижами со Ајфелова кула на нив, оти ми се удобни, а на дечко ми многу ми се свиѓале. И една танга, не е битно каква, секако повеќе од 3 минути не ќе ја биде. Мислам да носам и дебели чорапи, имам едни што се до колена, од тетка ми подарок, сиви со тегет. Ноктите ми се од сега направени, а косата ќе ја носам во опавче, се надевам нема да ми подрасне до тогаш, ако ми подрасне венче ке ставам. Обувки нема да носам, папучите ми се мали, подарок од идната свекрва, па ке стојат на страна. Секако дека ке се нашминкам со два тона љубов и гердани од смс-ки за другарките.
И јас исто пижами, само уште не знам дали црвените од лани или розевите што скоро си ги купив. Според пижамите имам и црвени и розеви пантофли, многу се удобни и меки си ги купив скоро во Пенти.
Бидејќи сме со старосватовите во домашна атмосфера ќе гледам да е нешто комотно. Сакам од овие туникиве фустани шарени со различни дезени што се....ќе видам што ќе начекам.Таква ми е замислата.
Мини фустанче,најобично,црно со три/четврти ракави уз тело... Комбинирано со кремови чевли само уште некое ланченце интересно да си најдам... Не купив ништо а ниту пак планирам...Не ми се трошат 6000 за една вечер
Девојки имам еден проблем, во дилема сум па ми треба мислење од вас што побрзо Значи бев во Скопје да си купам нешто за Нова Година но, за жал не успеав да си најдам ништо.Не знам дали е до мене или навистина нема избор па си се вратив во Берово без фустан.Барав и во Берово ама и тука има слабо избор.Ми се допадна еден бел фустан и планирам да го искомбинирам со црвени штикли и плико и црвен капут а може и црвен каиш.Ама некако ми е глупо за НГ да носам бело....се чувсттвувам како невеста...глупо ми е. http://sandrarose.com/2011/06/kelly...-for-the-x-factor-auditions-in-manchester-uk/ Еве нешто ваква форма е фустанот....Чекам мисење од вас
Мене многу ми се свиѓа фустанов, нема што ко невеста да се осеќаш краток е. Само никако немој и црвени штикли и црвен капут и црвен каиш. Подобро смени го каишот стави златен ваков како на сликата или некоја друга боја, многу е црвено вака...
девојки, ај предложете ми во што да се облечам за нг, ќе бидеме кај нас дома со вујко му на мм и со децата, значи блиски сме многу, и сакам да е нешто поедноставно
Немам поим и кај ќе одам, не па што ќе носам Кога станува збор за таква „битна“ вечер, секогаш имам едно правило што го посочувам. Немојте жити се да бидете понакитени од елката
јас ќе бидам во црвено тесно фустанче со црни високи штикли со отворен прст, накит не ставам пошто на фустанчето има црн детал што не дозоволува никаков накит на мене..
Фармерки со висок струк, цветен кроп топ, масивен ѓердан, и кратки црни чизмички. И некоја ташничка, се` уште немам одлучено која. Лани бев гламурозна и светкава, годинава сум практична. Па ќе треба да се игра и скока цела вечер, а тоа не би го можела во лакирани шпиц штикли