Имам две комбинации. Црно фустанче со ниски чизмички до глужд, и црни шорцеви со зелено елече-кошула и црни мартинки доле.
Тегет фустанче со синџирче со златни детали, ланче со златна боја, црни салонки, црни хулахопки и црна ташничка.
Црна пеплум суќња,црна кошула(повеќе како блуза) со додатоци во златна боја,црни хулахопки,црни кратки рамни кожни чизмички до глужд со златно ременче. Барем розев кармин ќе ставам,да не бидам цела црна.
Јас што планирам е едно, а како ќе испадне е друго дваесет Како и да е, јас планирам црна суќна (кратка), бела кошула и црни хулахопки и чизми. И ако најдам и лептир машна Bow ties are cool
Девојки дадете ми совет... не знам што да купам за Нова Година. Ќе одам со друштвото и нема да бидеме во некој посебен хотел или ресторан туку ќе бидеме во кафичот на другар ми и цел кафич ќе биде наш таа вечер. Не сакам да се облечам многу свечано зошто ќе бидеме само ние (друштвото), а сепак сакам да изгледам убаво. Што мислите што треба да облечам?
@butterfly242 јас мислам потенка кошула ставена во панталони/фармерки, штикли и некое повпечатливо ланче и менжуши/алка. Инаку, јас ќе носам скоро исто вакво, само со чизми со штикла.