Нешто што веќе го имам, немам намера да купувам посебна гардероба за тој ден. А, и зошто би купувала, што е Нова Година, нешто што се случува еднаш и многу ни значи? Оние што имаат пари па и да се глупираат е до некаде во ред, ама некои кои сметките за комуналии им стојат неплатени а они се луксузираат како да им е Рок Фелер, татко е тоа е стварно идиотизам. Зошто би се лусузирала за таа вечер за да изгледам „гламурозно“ кога оние што ме знаат и што утре пак ќе ме сретнат на улица со искинатите тренерки и подникнатата коса, знаат која сум и што сум? Што ако одам таа вечер во хотел а наредниот месец немам пари грав, да сварам? Кого лажам, нивв или себе? Може ли некој да ми објасни што се прославува за Нова Година, тоа што сме 1 година поблиску до крајот? Мене ова ми изгледа многу небулозно, сите се плашиме од смрт та а славиме и се радуваме како луди што поминала една година и сме поблиску до нашиот крај.
Ми треба совет за комбинацијава дали е арна.Значи вака http://img.sheinside.com/images/sheinside.com/201212/1354357383098530240.jpg Ваков сличен џемпер http://www.pinmystyle.com/w/i/outfits/02-womens-2b-bebe-jean-shorts.jpg Вакви слични шорцеви и секако со нив хулахопки ама каква боја? И чизмите се црни,како мартинки се и се околу 15-20 сантиметри високи,негде на средина помеѓу коленото и глуждот (незнам дали ме разбравте) Ке ви бидам благодарна на одговорот 
Никако не можам да смислам шорцеви тесни тексас зимно време, посебно не за дочек на Нова Година? Освен ако не се дебели убави баш зимски шорцеви. Мене искрено многу невкусно ми е... Сепак ти си знаеш
Не зависи косата од долниот дел туку од гордниот, обично ако горниот дел си разголена убаво е и со пуштена или полупуштена коса, а дококу горниот дел е баш покриен како некој вид на ролка (пример) тогаш убаво е лицето да ти биде отворено во спротивно ќе ти се покрие лицето. Ова ти се сценски трикови
најверојатно црни тренерки и бела маичка и црни чорапи и папучи.. косава секако фатена во лабава пунџичка,шминка без
http://www.aubridal.com/sexyprom/Pu...eart Short Junior Little Black Dress Sale.jpg ваков ќе ми ее горнио дел само на тричетврт ракави мојот е ..
Планирам да си купам корсет, со црна куса тесна суќна и во план ми се или високи чизми доколена но не на штикла, или така до под колена чизми на топук.Али има време, ќе видиме Шминка зависи бојата на корсетот, само знам дека сенка нема даставам, и косата најверојатно пеглана со некоја плетенка или малку подфатена од страните, може ама и немора.
Епа чим ваков е горниот дел не е корсет тогаш можеш и пуштена, евентуално ако многу ти станува топло можеш и полусобрана како Ариана Гранде што се носи.. углавно ако си закопчана со фатена коса, ако си разголена со пуштена
Оваа Нова година не се замарам многу, ќе носам еден фустан кој го купив пред 2 месеци, па после во јануари сум на свадба и тогаш планирам да шијам за таа намена.
Ја мислам дека поентата на славење е гледање на новата година како на нова шанса, нов почеток и тн. Затоа и е славењето. А и прославување е многу широк поим и е тотално индивидуален. Не секогаш единствената цел е индивидуално доживување и славење. Како и секое излегување со друштво, организираното славење на Нова Година има и свои социјални карактеристики. И не секогаш е најдобрата варијанта за ние лично најубаво да си поминеме. Spoiler За една од најубаво поминатите новогодишни вечери во животот ја сметам онаа, пред неколку години кога најголем дел од времето си бев дома. Така сакав и така се погоди. Си украсив, направив атмосфера за свој мерак, тркнав до плоштад на пола саат со една другарка и пак се вратив дома. Филмски маратон, грицки, нешто за пиење... и си уживав во моментот. Не размислував дали штиклата и хулахопките ќе ми останат цели. После следеше виртуелна тура од честитање на нови години и после пак по старо. Е, другата година не сакав така, сакав со друштво баш организирано да е и така се договорив. Се` си зависи до периодот, расположението и сл. Може убаво да се прослави Нова Година на 1001 начин. Важно е да се наоѓате во средина во којашто околината ќе ви е погодена, а не да мора вие да се мачите да погодите на другите. Инаку, само двапати сум носела нешто ново на Нова Година (под ново мислам на нешто купено баш за таа намена). Првиот пат бидејќи ми беше прва Нова Година што не ја славам со домашните дома, а вториот пат поради тоа што локацијата ми беше ептен погодена.
Поентата и мојата главна дилем е: Зошто да се слави нешто што неме никакво значение? За каква надеж дека новата година ќе ни биде поубава, побогата, повесела..... Кога и самите знаеме дека тоа не зависи од временската рамка, ниту од тоа дека оваа ти била несреќна затоа што таква била годината па наредната ќе ви биде среќна. Дали ќе бидете среќни, весели, дали ќе имате пари не зависи од годината туку од вас. Како што напоменав, има луге кои ги даваат и последните заштедени пари за таа вечер а потоа цела година живеат мизерно и во долгови. Зошто сето то? За инат на комшиите?
Интересен ми е муабетов, се надевам не го сфаќаш како препирање и контрање реплицирањево. Зошто временска рамка? Зошто баш иднина, баш ново? Па според мене затоа што надежта е секогаш поврзана со нешто што треба да се случи во иднина. Како вика Скарлет О Хара: „утре е нов ден.“ Јас така гледам на ова верување за Нова Година. Потполно си во право, утрото може буквално се` да донесе и не бира добро или лошо. Сметам дека има вистина и во твоето и во моето гледиште, сите различно ја доживуваме оваа вечер.