Хеланките се со висок струк значи голо ќе има три сантими не е страшно, и сепак цела вечер ќе бидам на затворено со многу гужва.. не знам каква врска има, онде носат миничи со корсети зимно време а што би било проблем ова не сфаќам.. не е воопшто разголено. Како и да е гледам темава тргнала на хејтање, спомнувате мешате курви (извинете на израз), ким кардашијан, копирање не знам шо.. Кој тоа копира не ми е јасно каква Ким, никогаш не сум ја следела нити сум ја сакала..а и да сакам да ја копирам нема да биде успешно и нема да го постигнам нејзиниот ефект бидејќи може пет пати да ме собере во неа Како и да е фала на коментарите, можеби до тогаш ќе се премислам а можеби и не, сепак ќе поставам слика што и да биде
Планирам сатенска сукна, со горе корсет, и со високи бели потпетици лаковани, за фризура и шминка веќе закажав, нокти направив, сега уште ситните подготовки. Па луѓе Нова Година е, трескајте се!!! Бичччеее хаос,биччччее лудило.
Мислам дека со црна тесна сукња до колена би била поубава комбинација...и не се толку страшни овие маички да се носат во зима добро искомбинирани убаво изгледаат ама страшни се девојките со +size што ги носат
Не планирав ништо посебно околу новата година да купувам,мислев да си искомбинирам од парчињата што веќе ги имам,но налетав на ова кожно фустанче,го пробав и мн ми се допадна.На крај го искомбинирав со овие чизми,на кои налетав во истата продавница,па и нив ги земав. Хулахопки или кожа боја или црни.Сеуште немам одлучено. И ова ќе биде мојата комбинација за н.г. Накит(мали менѓуши) ,сив едноставен капут и црно кожно плико,веќе што си ги имам.
Па мислам дека добро би одело со чизмички. И ако е вакво, без никакви детали, можеш и некое повпечатливо парче накит (едно) и супер.
Јас планирам некои подебели пижами и така се прогнозира многу студено време Толку од романтика со мојот сакан.
Годинава едвај чекам да помине, па искрено се радувам на доаѓањето на новата. Иако мислев дека ќе останам дома во пижами, моите ме убедија да излезам и да прославам со друштво. Последен пат си купив нешто ново за Нова година пред неколку години, а потоа носев нешто што веќе го имав дома, но малку посвечено. Оваа година би сакала кошула и кожно здолниште, или ролка и некое тесно здолниште до колена. Секако не би било нешто ултра кратко. Ќе биде нешто што го имам дома или и да купам, сошијам ќе биде затоа што сакам тоа да го носам и после тоа, а ете се погодило баш во овој период да го земам.
Посвечена гардероба од пиЏами и (ако се убаци некој од страна) тренерки нема. Кога сакам легнам кога сакам јадам и се по ред.
Проблемот е што ги здоболе и како и секогаш се вадат со тоа дека ти им љубомориш ним, иако не ги знаеш, иако не те знаат. Така си се тешат. И да. И јас така мислам хеленки со кроп топ само затоа што некој слон излегол така, ама ич не оди. И да не ја фаќаме темата дека хеланките не се панталони, ниту се носат како такви. Туку нејсе носете си што сакате, јас ќе си мислам што сакам, ви љубоморам, не сум јакичка ко вас. И кога веќе не ве интересира за тоа што мислат другуте што се правдате? Ако сакаш гола слечи се и излези, ама достој си на тоа што си одлучила не се контрај со еден, друг, трет... *
Вие ако не знаете некого кој си ја зачувал приватноста на форумот не значи дека и вие сте ја задржале вашата успешно. Затоа полека со продавање пуканки на вакви теми. Понекогаш треба да знаете да одберете зборови кога некој се обраќа за совет или мислење.
Извини иако не разбирам што си напишала, ама што има врска приватноста со постовите. Секој си го кажува сопственото мислење, а не кој каков е приватно. Искрено возрасна сум ама она со хеланките и тоа парталчето е навистина невкусно.