Има врска тоа што го нападнаа девојчето без врска, и после стандардно, тие се многу јаки, кроп топот е за сељанки кои изгледаат како слон, па и девојчето мора да е такво според нив. А тие да повторам се јаки, никој нив не ги видел и не ги знае, ама јаки се баш затоа. На крај тоа е поентата до која сакаат да дојдат, секогаш.
Го шиев, да. Сечен е на парчиња и назад и напред, но поради тоа што е црн не се приметува. Многу е елегантен и убаво стои на телото.
Ќе смрзне девојчето со кроп топот ама кога сме помлади не размислуваме на тоа. Ехе сум носела и јас миничи, па танги да не ме оцртуваат, па не знам што ти не. Сум се правдала со тоа дека е една вечер, па и не сум гола, а и во топло ќе бидам. Ама не е така, треба да отидеш до топлото, треба да се вратиш од топлото. Гола половина си носи последици. На кроп топ не можеш да облечеш ни боди, ни подмаица. На хеланка и салонка не можеш да облечеш домаќинска гаќа и дебели хулахопки. Ама секој со своето. Јас лично кроп топот не го сакав ни летоска, ни па сега. Не мислам дека не би ми прилегал, него едноставно не е мој вкус и стил.
Се мислам дали да си земам кошула и некои убави панталони или пак фустан. Ќе бидеме во куќа така да не сакам да се трескам многу околу облеката, сепак гледам да земам нешто што ќе си го износам.
Е не можам и не можам да ги сварам некои прости и плитки коментари од некои на форумот кои ги сметав за многу повеќе.Споредувате Ким, ку*ви, шипки, оро*пии само за еден совет на девојче во врска со една комбинација, која напротив не е ништо wow што ја направивте.Иначе, кроп топот не се разликува ништо од некои корсети, и плус ако сте на затворено во премногу гужва сигурна сум дека би се облекле со ролки и со бунди.Да да.Катастрофа. Иначе маја, комбинацијата не ти е толку лоша, само на твое место би ги исфрлила кожните пантолони.не за нешто друго, од секогаш сум мразела кожни пантолони, блузи и сл.Би ставила пример фармерки или пантолони со висок струк.Друго ти е се океј.
Девојчето побара мислење, и се разбира дека не може сите да имаат исто мислење и ист вкус и на сите да им се допаѓа комбинацијата со кожни хеланки и кроп топ. Јас, искрено сакам кроп топ и го носам кога временските прилики и атмосферата ми го дозволуваат тоа, но само со фармерки, пантолони или сукњи со висок струк ( до над папок), така што во повеќето случаи не се ни забележува дека сум со гол стомак, бидејќи само мал дел од телото е разголен. Во спротивно и мене не ми се допаѓа. И да не бидам оф топик. За дочекот на новата година ќе бидам во ресторант и планирам да носам обично црно фустанче до над колена, со гол грб. Фустанчето има златно тенко каифче на струкот, и поради тоа би го искомбинирала со мали црни со златно обетки и сличен прстен и црни салонки.
Црно коктел фустанче eдвај го најдов и ова се беше распродадено догодина 1 месец унапред ќе си купувам а не како оваа 5 дена пред Нова година
Како што тргнала работава, ќе носам топломер под мишка. А ако ме послужи среќата, ќе си го сефтосам новото тексас фустанче.
Црни чизми,црна туника,кремави хулахопки,плико ташна,каиш тенок и плус ќе видам дали ке докупам и кремав накит
Хеланки, црн фустан кој се носи со хеланки, кратки чизми и мала чантичка. Инаку смрзнувачка ќе биде... Затоа и не носам хулахопки, ќе се заледам. Не дека вака многу топло ќе ми биде. Aма aкo важно не сум на отворено.
Црна сукна до под колена, црн корсет и сако струкирано во половината, хулохопки со раб позади и црвени штикли.И црвен кармин
Сиви ,,Chinos,,тексас фармерки,волнена плетена блуза со темнорозеви,зелени и црни шари во облик на геометриски цветови,црно светлокафеаб елек со бела волнена постава навнатре,црни хулахопки и црвени пантофли!
Најверојатно фустанчево, има ептен слатко тенко каивче. Мислам дека е редно да му дојде редот и на него
Се надевам беа од помош сликите Јас се откажав од моите пижами. Ќе бидеме друштво во домашна атмосфера, а што ќе носам најверојатно ќе се бира утре
Девојки да ве прашам за совет... Со кратка црна тесна сукњичка оние со малце повисок струк и црни високи штикли дали може да ставам од оние црни непроѕирни хулахопки на Пенти или да купам обични тенки црни хулахопки што мислите?? Инаку штиклите ми се со отворен прст па би сакала да не се гледа тоа. А да, и блузичката е бордо од оние проѕирнине што ги носеа кошулки летоска, тој тип, само затворена напред благо заоблена
Одам на домашна журка со блиски луѓе, па ќе носам сиво фустанче со црни чизмички и кожа боја хулахопки, плус црн саат и црни обетки. Немам црвен долен веш, за наредна година здравје ќе се опремам. Ништо посебно, битно да ми е удобно и така наши сме си.