Зелено плиш фустанче со звон ракави, црни чизми над колена, месо боја хулахопки, за во локалче надвор од градот по удобно здравје
Јас славам во куќа, ќе се дотерам, бидејќи е во куќа не носам фустан, ќе одам со црни фармерки, блуза што е како ролка и под вратот малку отворена кремаста и светкава, чизми кратки под колена, ташна кафена , а ако одам втора вечер ама сеуште незнам каде ќе одам до фустан, поефтино ќе поминам, а може да ми кажите некоја едноставна фризура што ќе можам сама да ја направам затоа што Нова Година е во недела и не планирам многу да се трошам за на фризер сама сакам да ја направам поедноставна а да е убава, некоја идеа ако може?
Дали за дочек во ресторан ќе ми одговара, сукња-таа е дебела кратка во глог, а блуза плетена и рамениците ќе ми бидат голи, и високи чизми над колена.. Мајка ми ми вели дека не би било убаво, бидејќи сум во ресторан а и се носело фустани со голи грбови итн..
Во право е мајка ти, можеш да сретнеш некоја и по сандали отворени. Нека ти остане здолништето, искомбинирај ја со некоја кошулка поелегантна или блузка поелегантна и салонка, или во краен случај ако сакаш чизмите над колена да ги носиш обавезно месо боја хулахопки или црни за да не доаѓаат до израз ако сакаш да го намалиш нивниот „ефект“.
Ќе бидам во домашна атмосфера со друштво, но сакам да си се дотерам така малку. Планирам да носам бордо плетено фустанче, со чизми до глужд на штикла, и само уште се мислам за боја на хулахопки (црно-проѕирни или пак кожа боја). Spoiler