Јас ќе носам тексас суќна, темен тексас, со црни хулахопки (ова уште не сум смислила скроз дали со принт некои или еднобојни темни црни), црна ролка со голема јака, така по широчка и црн капут. На нозе високи чизми до над колена. Не сум размислила ништо за накит, веројатно нема ништо да ставам на мене. Еве слики:
Некој предлог да ми кажете за со кафена плишена сукња и нешто друго што би можело да искомбинирам за со мирор штикли
Е оваа сакам да се дотерам Со истите два пара сме секоја година све сум полежерно облечена , сега оваа година ќе е кај нас дочекот, па домаќинката ќе облече некој фустан
Јас ќе носам долг фустан со чизми и капут, ако не е многу ладно ќе облечам штикли. Исто и капут ќе носам. Дома ќе вечераме,а после на огномет во Валета ќе одиме.
Последните пет години за Нова година секогаш сум ептен ,, новогодишна'', така оваа година ќе бидам нијанса посвечено облечена, стајлингот од тренерки во пиџами ќе ми премине, најбитно да сме сите на број па наредна година здравје полна куќа да бидеме, само лудилото да помине.