Што планирате да носите за дочекот на Нова година? И јас девојќи се согласувам со вас. На што личи сето ова преувеличување??? Од Ноември се планира кај за нова година, со кого што ќе се носи и 300 други глупости. Јас сум таква личност, мразам ситници, и мразам преувеличувања. Работите ги сфаќам апстрактно и не уживам во ситниците. За нова година, како и сите вечери до сега планирам да се изнаиграм убаво на музика која мене ми одговара, па ако треба и сама пред огледало дома, и да си легнам. Тоа не е ништо различна вечер од останатите. Може да си купам фустанче, али колку да се чувствувам јас убаво, и така секој ден купувам нешто. Ама сето тоа што го прават околу нова година, тие преувеличувања, ги мразам!!
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Во фрка си 2 месеца пред Нова година ,што ќе носиш , каква фризура , каков накит и каде ќе славиш за да дојде таа вечер и сабајлето да не се сеќаваш на ништо - Не , не е ова глупост Искрено , подобро дома да си седам , во кревет со ќебенце покриена и чоколадо до мене .. башка таа вечер најдобри филови даваат место негде да се мрзнам , и ако имам среќа без некоја настинка да поминам и парите на не знам какви глупости дадени .
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Планирам да си купам некое фустанче тегет боја затоа што чизмичките ми се такви
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Само ние тука ја тупиме како да се изгледа на Новогодишната вечер.Да во западните земји се троши..меѓутоа на подароци за блиските..Дочекот најчесто се слави дома со семејството,евентуално на плоштадите и по некои локали кои се отворени за секој кој сака да е надвор од дома.И дури воопшто не ја преувеличуваат таа ноќ како што тоа се прави кај нас.Ама немам слушнато да се замараат месец дена со тоа што ќе носат за Н.Годишна вечер.Тоа само овде го има...И кој ќе те види во таа гужва што имаш на себе,кој бренд ти е итн.?Никој!Јас мислам непотребно е таквото замарање и трошење само за една ноќ која е ко секоја друга само што утредента се менува датата со годината.
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Аиии темава. Јас не знам вечер што ќе облечам за излегување, не па за Нова година. И што е толку посебна таа вечер па да мора да носам нешто екстра светкаво, нешто што ке ми дели од другата гардероба што ја носам обично за викенди? Ова само во Македонија го имам. Буквално кога порано живеев Виена, и таму чекав Нова година, по џемпери, шал, капи, нараквици си беа луѓево. На сите им е приоритет и важно да си поминат убаво, во убаво друштво и да им биде забавно, а не што ќе облечат. Ќе си се облечеш убаво и скромно, никој не вика по пижами или тренерки да излезеш, али по миничи до пи*ка на -10 степени ни тоа не чини. Згора на тоа светкаво деколте, џоа елкана од дедо мраз. Што сум планирала да носам? Тоа што си носам секојпат, нешто во мој стил. Или можеби балскиот фустан ќе го носам, хм уште се мислам....
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Лакромосче...тоа е тој балканси синдром...Ем шуто ем боде
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Како тргнало нема да ми треба облека.Евентуално,корсет и подвезици!
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? мене баш вчера братучетка ми од Италија ми донеса две екстра фустанчиња од TALLY WEiJL.. не планирам да трошам други пари за облека бидејќи планирам нова година да ја поминам во домашен амбиент со семејството.. еве баш сега ги најдов сликите на нет.. па помогнете ми кое е поубаво да го носам..
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Леле преубави се посебно плавото....се заљубив Јас мислам тоа да го носиш преубаво е
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Дури сега забележувам дека си живеела во Виена Нели? Никој не се замара што ќе се носи за НГ! И јас бев во градов за НГ два пати и ми се допадна премногу што не му ја мислев ниту што ќе носам, ниту каде ќе одам. Не ти треба резервација за нигде, а влезницата те чини исто како и билокој друг ден. Кај те носат нозете - таму одиш. Што би рекла другарка ми - гола да шеташ, никој нема да те забележи. Немам друга работа уште од сега да се мислам за НГ што ќе носам. Имам други побитни гајлиња, а облеката не е едно од нив. Уште па и колку ги „сакам“ празнициве, што да ви кажам. Ако сакам со ќеси завиткана ќе одам, ама тоа само во случај да не ми пристигне на време одамна нарачаниот фустан од Долче ЕНД Габана, мислам хелоууу! Нејсе. Некој мора да мисли и на тоа што ќе носи за пречекот на Новата година. Јас не сум една од нив.
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Даааа плавото мислам подобро е за нова год. а белото можеш да го носиш секојдневно
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Никогаш не сум се оптеретувала со тоа што да носам. Лани носев панталони и маичка. По се изгледа така ќе биде и оваа год. Не ги сакам ваквите денови. Цела таа фрка околу еден ден.
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Ако ми се смилува дечко ми и биде добар колку што е убав ( ај не колку што е убав, туку колку што е тежок ), па да ме однесе некаде каде што ќе ми требаат само купаќи...ех...што убаво би било
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Така купувам облека од празник за празник пак за Нова година да не сакам да се дотерам. Море ќе се дотерам Има најубава да бидам А ако си останам дома ќе носам посветкави пижами. Да се знае дека е Нова година
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Ќе бидам скромна и ќе си купам нешто практично, нешто што ќе можам и во друга прилика да го носам. Никако замотувње во сатен или нешто премногу свечено. Млада сум, на млад човек се убаво му стои.
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? ^ Хахахаха може ирена, таман ќе ми одговараат со папучите
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Веќе со години не одам никаде посебно за НГ, си поминувам најубаво во домашна атмосфера со саканиот, а за среќа и оваа година ќе биде така (не е планирано, но не ни треба да планирам зашто не сакам да одам по кафани со певаљки, или уште полошо - дискотеки со турбо фолк). Некако глупаво ми е тоа купување ново за Нова Година. Ај облеката, ама и фризурата да е средена, по можност нова боја за Нова Година, па еден месец пред 1ви мора диета за да се ослабе дотогаш, па депилација закажана, козметичар... Ко за другите денови да не треба девојкиве да се средени, чекаат тогаш за да им е свежа фризурата
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Пирамитке ајде и оваа Нова година во Виена дојди ќе славиме заедно Само не заборавај го нарачаниот фустан од долче и габана, инаку не те примам со мене, јас балскиот го носам