Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Ништо посебно, се согласувам само кај нас Нова Година толкав настан е. Можеби ке купам некој аксесоар, и ке си одам по нешто што имам. После по 2 недели солун, така е редот
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Јас многу мразам кога иде Нова Година.Ниту е некој празник некој голем ниту нешто што бара посебно славење,според мене! Има толку поубави празници кога се збираме со целото семејство и си поминуваме преубаво,во домашна атмосфера и смеење до бесвест.Божиќ,Бадник ехеее...Ретко кој тинејџер денес сака да е во друштво со домашните на новогодишните празници. Не планирам ништо да купувам.Ќе си го облечам фустанчето за свадбата што си го носев,едноставно и обично е.Немам ни испланирано каде ќе одам,а ако бидам дома ништо чудно и по домашна облека да си бидам.Ако бидам надвор планот со фустанчето ќе ми биде...Мразам бисери и светкави чуда Моето е црно-бела комбинација од калиопе го земав,како од материјалот да се прави една голема машна црнобела...Не можам да го опишам стварно ама многу си го сакам затоа што многу убаво стои Не можам да ги сфатам некои школски што уште сега планираат како што...Нова година=лигавења до крајности!
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Како и повеќето и јас нема да се замарам за Нова Година. Најмногу од причина што веќе 2 години наназад не славам по кафичи и дискотеки, туку одам со друштво некаде на викенд, Маврово или Берово. Така да, воопшто не ми ни треба облека за Н.Г. А и немам веќе некоја си еуфорија.... Фино лепо парите во џеб, а на 15 Солун чека
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Не е дека се замарам ама сакам да сум во ново! Секогаш си купувам ден или два пред Н.Г. И си купувам нешто што и после можам да си го износам значи се е мој стил...ништо светлуцаво, кич ко за во кафеана...пошто и онака не идам на такви места...Обично сум на журка каде ни штикли не ми треба па затоа е нешто баш штосно што можам да си го носам секогаш! Оваа год најверојатно или пак на журка или викенд во Маврово....па така сега си бев на свадба си купив преубаво фустанче и него ќе си го носам ако не најдам нешто подобро
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? И јас би играла така Да си ги облечам белите купаќи, за кои те прашував тебе за мислење и си ги купив......и да си уживам со него на некоја плажа. Ама нема шанса....можеби во моите сништа Оваа нова година некаде на планина, така да нема да ми треба ништо ново и свечано
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Врска немам. Ни што ќе носам,ни каде ќе одам,ни ништо.. Знам само дека имам колоквиумска недела пред Н.Г. и дека последниот колоквиум ми е на 30.. Па можеле и на 31 да го стават,мислам,нема проблем... Мразам Нова Година. Дотерување за што..?! Една вечер,каде сите се пијанчат,прават глупости и после една недела никој веќе не се сеќава на неа.. Ама тоа е,македонски менталитет,да се даваат купишта пари за глупости.
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Еееееее оваа година со нетрпение ја очекувам новата година,онака да дочекам нова година во зима,со снег баш како по филмовите Инаку досега баш и не ми било кој знае што дочекот на нова година,се собираме друштво на плажа,пиење,музика и тоа.....нема атмосфера во лето дочекот на новата година
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Незнам ни што ќе носам, ни со кој ќе славам а ни каде. Се собравме друштво арно ама куќа неможеме да најдеме За облека незнам што ќе облечам, ќе почнам тоа да размислувам накај 20 и понатака
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Фармерки, некоја маичка по кратки и штикли. Никакво посебно спремање, го сметам за најнормален ден.
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Секоја нова година јас се дотерувам од глава до петици. Не знам така ни останало од детство и јас си се придржувам до ден денес. Оваа година планирам фустан , ама така позимна варијанта, не многу свечен. Нови чизми до колена со мала штикла, нешто накитче и тоа.
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Ако останеме сами дома со љубави ќе се подновам со некоја чипкана гаќа а ако дојдат и пријателите да слават кај нас...ќе треба нови пижами да купам Се шалам малку ама ми поминаа годините кога паѓав у несвест за тоа што ќе носам на нова година, а во декември има толку многу прослави што неколку пати ќе ја дочекам 2011. И за таму планирам да носам нормална облека во зависност од локацијата ќе ги менувам деталите
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Сеуште незнам зависи каде ќе ја дочекаме Новата година . Најверојатно некое фустанче
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Јас па ко за чудо ич нејќам во ''друштво''.Ма да ме утепаш не би идела Најубаво ми е со мама тато братучедите и тетките и тетиновците. А некои па уште сега собираат пари кој што ќе носишто пиење да купат :roll: Кај ќе праеле нокти и ефден куп глупости...Ја по тренерки и блуза и шибајј брате
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Јас лани за нова година се отепав од спремање ново фустанче, шминка, нокти, коса....се за на крај во 23 часот сите планови да се сменат и да си седиме во домашна атмосфера (а требаше да одиме во ресторант ).Затоа оваа нова година планирам со најблиските да си седам дома да си облечам што ми е најудобно и да не се замарам само за нокти си имам закажано бидејќи тоа ми е ритуал секој месец и не смее да се прескокне
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? јас и не се замарам многу со дочек за нова година имам едно црно фустанче со една прерамка дебела и е над колена само не знам со какви обетки или ланче или колан да комбинирам и со црни салонки.а за празниците уживам полна трпеза со јадење многу гости убавини.па срекни празници и убав провод.
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Ништо посебно, дома ќе бидеме, нема носење фустани, ресторани, итн, може нешто така по дома што носам......
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Ќе те видам за 3-4 години со кого ќе сакаш да славиш Дали со тетките или со друштвото и евентуално дечкото. Кога станува збор за славење Нова година и другите празници, најчесто кога сме веќе тинејџери сакаме да сме со друштво, урлање, пиење, бидејќи само тие денови можевме до покасно да шетаме После доаѓа еден период кога веќе се ти е дозволено и празниците сакаш да ги поминеш со семејството, да се потсетиш на старите добри времиња. За друштвото тука се обичните викенди. Стварно е вака.
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Си имам едно розефко фустанче кое ми го сошија, но не успеав да го износам. Сепак ништо не се знае, можеби ќе бидам во жолтите мои пижами под ќебе. Тоа ќе биде ако останам сама дома.
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Ако одам некаде, имам едно корсетче бело (поклон ми е) кое никогаш го немам облечено, па тоа ќе го носам. Сега скоро си купив и нови црни пантолони (старите по секако ми беа побелени), па ќе го искомбинирам со нив. Исто имам и сребрени со бело обетки, па комплетирана сум.
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Не знам уште акде ќе одиме, ама дома секако нема да седиме. Амааа важно јас си бендисав 2 фустанчиња , па ќе видеме кое ќе биде Сакам и такви чевли (пишав во сдп, ама изгледа никој не знае каде има) Инаку имам едно ново фустанче, само еднаш го облеков и сакав тоа да го носам, ама после Нова година сум на свадба, па ајде таман ќе си го искористам тоа сега што ќе си го купам