Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Незнам годинава сеуште дека ќе бидам. Сакав на страна некаде да отидам, но ќе видиме. Или ќе биде некаде на страна, дома или на плоштад. Во секој случај никако не планирам да купувам нешто. Фустани имам еден тон, па ќе биде некој од нив и така не се износени сите .
Новогодишна облека Доаѓа нова година, а јас сеуште неможам да си најдам фустанче. Дали некој може да ми предложи нешто што може да се сошие?
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Ништо посебно оваа година во куќа ќе ја славиме НГ така да секојдневна варијанта панталончиња ,блузичка и чизмички важно е со кого си ...друго ништо не е важно
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? аааа ова година за Нова Година ќе бидам посебно облечена, во свечени пижами од Џамбо (црвени со бело) исто и на дечко ми јас му ги одбрав пошо неќам да ме срами пред народот па за него одбрав светло плави со линии...пфффф Во домашна атмосфера со винце, вечера и празна куќа, мислам дека добри ствари одбрав
Новогодишна облека За нова година сакам некој зебрест фустан, не знам зошто но таков ми е наумен-некој над колената,тесен до половинта а надоле поширк, имате ли некои идеи? хелп ме нешто како овие, а може и други идеи, и ако сте виделе некаде вакви пишете ми
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? па јас планирам да носам некое топло фустанче или нешто така секси и поубаво
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Е ај во контекст на темава да ве прашам: дали би одговарало ако на црните пантолони и БЕЛИОТ корсет (секако планирам црни чевли) ноктите да ги излакирам црвени и устата исто да ми биде изразито црвена?
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Секако дека ти одговара. На мене лично од црвените кармини повеќе ми се допаѓа малкууу потемна нијанса. Само немој очите да ги нашминкаш нападно!!! И внимавај да не претераш со модни додатоци
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? За дочекот на Новата година топло ќе се облечам и ништо посебно.Ама пак за под мене ќе си имам секси долен веш и се знае како најубаво ќе си ја прославам со љубениот.
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? @Hipica Таков микс на бои ми е најубав. Ај феминки хелп молам... Бев во Оrsay денеска и си бендисав фустанчиња за Новава Година ама неможам да се одлучам... Кое ви е најубаво?
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Носите секогаш нешто црвено на вас за Нова Година? Нели носат за да им тргне годината, не излегуваат од дома без нешто црвено на себе. Јас ич ја немам таа навика. Може затоа не ми иде најсјајно во последниве години, годинава ај ќе пробам со нешто црвено на мене да ја дочекам Новава година
Што планирате да носите за дочекот на Нова година? Мене првото ми е најубаво Ме потсеќа на нова година. Ни премногу нападно, ни премногу свечено. Па и со такви, дизајнирани хулохопки да се искомбинира...ТОП! 2 и 3 ми се многу по секојдневни, сега зависи од тоа каде планираш да одиш
И дадов на шнајдерката задача вакво да ми сошие. Со малку поразлична чипка. Ако ми стои ќе го носам....ако не, здравје , имам полн плакар дома.
Пижами. Колку ме изморија испитиве уше сеа пред да почнат :geek: , мислам дека Новата Година ќе ја поминам домче со моето душиче, ќе пијам салеп и ќе гледам новогодишна програма. Не е некоја загуба...ноќ како и секоја друга. Додуша со мене не се знае кога планирам секад останувам дома а кога не планирам во 15 до 12 ми се има десено да ми текне со друштвото да одиме да прославиме барем на кратко.
Големо браво до сите феминки кои ќе носат црвени фустанчиња за Нова Година, многу е весела и баш новогодишна боја. Според мене, секоја дама мора да има барем едно црвено парче гардероба. Како што ни рече еднаш една професорка „Не се занесувајте со конзервативни и невистинити работи. Се знае црвената е боја на вистинските дами“. Браво, јас ја обожавам црвената боја за жал не сум тип на кој премногу му стои
Јас планирам да носам кафеаво фустанче уз тело. Има каиш на струкот со голема кафеава ружа. И ќе носам бели дезенирани хулахопки. Ја пробав комбинацијава и многу ми се допаѓа Некако на Blair Waldorf ме потсетува
Планирам да носам црна сукна, со висок струк и незнам дали ќе ја комбинирам со сива кошула со барсаци или пак со некоја блузичка со боја од тип на светло плаво или црвено па со црно болеро. Не сум излегла да видам што има ново низ бутициве па така да не сум сигурна баш за комбинацијата, има време до Нова Година, ќе се одлучам А да, и секако црни штиклички